Хаџиќ одби да се изјасни по обвинението
25 јули 2011
Владимир Петровиќ, привремениот адвокат на Хаџиќ денеска на судијата Огон Квону му соопшти дека неговиот клиент сака да го искористи своето право да го одложи изјаснувањето по 14-те точки од обвинението за еден месец додека не го именува својот постојан застапник пред судот во Хаг.
Обвинителството во петокот побара измена на обвинението така што Хаџиќ ќе биде товарен за злосторства над несрбите во Хрватска во периодот од август 1991 до крајот на 1993 година, наместо до јуни 1992 година како што беше наведено во првобитното обвинение објавено во 2004 година.
Во периодот опфатен со обвинението Хаџиќ беше премиер на Српската автономна област Славонија, Барања и западен Срем, а подоцна и претседател на самопрогласената Република Српска Краина.
Обвинението го опфаќа и убиството на хрватски заробеници на фармата Овчара кај Вуковар.
До првото појавување во судницата, Хаџиќ во затворот Шевенинген мина низ редовната процедура.
52 годишниот Хаџиќ беше уапсен во Србија минатата недела и екстрадиран во Хаг во петокот и е последен во редот обвинети Срби за кои Трибуналот за воени злосторства во Хаг имаше издадено потерница.
Автор: СН/ АТ/ ртре/ бета
Редактор: Симе Недевски