1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Хаџиќ се изјасни за невин пред Хашкиот суд

24 август 2011

„Не сум виновен, почитуван суде“, изјави екслидерот на хрватските Срби, Горан Хаџиќ пред Трибуналот во Хаг. Датумот за почетокот на судењето дополнително ќе се утврди.

Goran Hadzic in den Haag vor Gericht
Горан ХаџиќФотографија: dapd

Поранешниот водач на Србите во Хрватска, Горан Хаџиќ денеска се изјасни за невин пред Хашкиот трибунал по обвинението за воени злосторства во војната во Хрватска. Хаџиќ беше изведен пред Судот на 25 јуни, но тогаш не сакаше да се изјасни дали е виновен или не. Беше уапсен на 20 јули во Србија, а на 22 јули беше екстрадиран во Хаг. 

Против него се подигнати 14 обвиненија за воени злосторства и злосторства против човештвото заради негова улога во убивањето на стотици цивили и депортирање десетици илјади Хрвати и лица од други националности од страна на српските сили за време на војната во Хрватска, меѓу 1991 и 1995 година.

Автор: ТТ/ АТ/ макфакс/ миа

Редактор: Е.М.Фиданоска

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми