1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Хезболах го контролира најголемиот дел од Бејрут

9 мај 2008

Ситуацијата во Либан станува се` понапната. И натаму продолжуваат престрелките помеѓу Хезболах и приврзениците на властите во Бејрут. Борците на шиитските милиции држат под контрола голем дел од главниот град

Престрелки во БејрутФотографија: AP

Во Бејрут и натаму се слушаат истрели и експлозии од гранати. Најголем дел од муслиманскиот западен дел на градот од утринава е под контрола на милициите на Хезболах. Во последниот кварт каде се наоѓаат приврзениците на власта, во тек се преговори за разоружување на вооружените приврзеници на власта.

Телевизијата „Фјучр-ТВ„ утрината мораше да го запре емитувањето под притисок на вооружени лица. Оваа телевизија е гласноговорник на Саад Харири, водечкиот политичар на Сунитите и предводник на владејачкиот табор. Утрината една граната ја погоди куќата на Харири, но никој не беше повреден. Меѓу настраданите во последните часови се и цивили кои се нашле во вкрстен оган.

Причини за заострувањата

Непосреден иницијатор на кризата беше одлуката на владата од почетокот на неделава за укинување на телекомуникациската мрежа на Хезболах. Освен тоа и шефот за безбедност на аеродрмот во Бејрут беше сменет поради неговата блискост со опозицијата.

Во синоќешниот телевизиски говор, Саад Харири во име на владата се повлече и зборуваше за недоразбирање:

„ Го нудиме следново решение. Двете решенија треба да ги преземе армијата, која има задача да се грижи за редот и мирот. Да воспостави безбедност и да го прошири авторитетот на државата на целата територија на земјата, со цел Либан да биде заштитен од надворешната опасност„

Опозицијата бара повлекување на одлуката

Во редовите на опозицијата се зборува за тоа дека владата треба целосно да ја повлече својата одлука. Хезболах го сфаќа нападот врз телекомуникациската мрежа како објава на војна. Оваа мрежа е составен дел на националниот отпор против Израел и суштински елемент за контранападите против израелците во 2006 година, изјави генералниот секретар на Хезболах, Шеикот Хасан Насрала на вчерашната прес конференција:

„ Нема да дозволиме да не убиваат по улиците и да пукаат по нас. Нема да дозволиме каков било заговор против нашето оружје. И сите армии на светот да не нападнат нема да дозволиме да бидат загрозени нашиот легитимитет и егзистенција. Нашите врати се отворени за компромис кога Харири ќе биде подготвен за такво нешто„

Насрала додаде дека никој не сака да организира пуч и дека не станува збор за граѓанска војна. Тој ја повика другата страна повторно да влезе во национален дијалог. Либанската армија досега не учествуваше во уличните борби. Таа синоќа се повлече од квартовите каде посебно се пукаше.


Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми