Хеликоптер се урна врз куќа
31 јануари 2018Реклама
Според очевидци, пред да се урне леталото можело да се види чад. Соседката Педи Фобијон раскажува:
„Истрчав надвор... Како да е воз кој доаѓа накај тебе, мислев дека е воз, толку беше гласно. Кога истрчав сѐ што видов се последиците, прашината.“
Кенди Региц, исто така соседка, видливо возбудена вака го доживеала падот на хеликоптерот:
„Помислив дека нешто набрзо ќе падне врз мојот покрив, го грабнав кучето, истрчав надвор и тогаш сфатив дека не е мојата куќа, но се гледаше чад и урнатини наоколу, позади мојата куќа.“
Хеликоптерот прво останал да виси на еден покрив, а потоа се урнал долу и удрил во ѕид од друга куќа.