1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Предизбори во САД: Крај без победници

Инес Пол/превод: ЖА8 јуни 2016

И пред конечната завршница на предизборите, Хилари Клинтон, благодарение на гласовите на т.н. суперделегати, успеа да ја обезбеди кандидатурата. Но, за вистинска победа треба да покаже емоции, смета Инес Пол.

Фотографија: picture-alliance/dpa/Skidmore/

Предизборите во СД се долги и компликувани. Но сега и едната и другата страна имаат свои кандидати. Хилари Клинтон ќе се бори за влез во Белата куќа против Доналд Трамп и обратно. Но, победниците кои со јасна и силна поддршка од својата партија влегуваат во вистинска претседателска трка-изгледаат поинаку.

Најголем непријател на Трамп му е Трамп

Притоа, проблемите на двајцата кандидати не можат да бидат поразлични. Најголемиот непријател на Доналд Трамп се вика Доналд Трамп. Остарениот богаташ со помош на своите самобендисани и еруптивни испади полни омраза стекна бројни противници меѓу Републиканците.

Хилари Клинтон пак мора да се бори на најмалку два фронта. По низа години поминати на политички должности, направи многу грешки за кои е одговорна и има многу противници. И Хилари Клинтон си е самата себе си најголем непријател. А тука е и уште една многу реална личност, која по номинацијата може да и‘ донесе многу непријатности.

Револуција во зоната на комфор

Берни Сандерс ја предизвика искусната политичарка на начин на кој што никој не очекуваше. Со своите запалливи револуционерни говори Сандерс ја доведе во незгодна положба својата конкурентка Клинтон. Таа изгледаше како моќна жена која сака да го зачува системот во кој стекна богатство и моќ.

На револуционерната лирика „паѓаат“ претежно младите Американци. Нив ги мачат реални проблеми, на пример долгови насобрани во текот на образованието. Но ги привлекуваат и нереалните соништа за револуција која изгледа можна без напуштање на сопствената зона на комфор. Сандерс во необичната кампања внесуваше егзистенцијални теми како социјална правда, за која инаку не би се зборувало. Тоа беше и останува негова заслуга.

Инес Пол

Но, сепак не Сандерс, туку Клинтон собра доволно гласови за номинација, благодарение на неколкумина богати супер-делегати. Тоа е плодно тло за создавање митови. Кој не знае дека првата љубов најмногу боли?

Непознат терен за Хилари Клинтон

Што значи тоа за Хилари Клинтон, првата жена во историјата на САД која ќе стане претседателска кандидатка? Таа со номинацијата ќе стапи на непознат терен. Иако веќе еднаш се бореше тука, таа не беше избрана за кандидатка.

Дали сега ќе успее да го искористи тоа како своја предност? Како шанса да заборави на често користените флоскули во говорите и да биде онаква каква може да биде кога се чувствува сигурна? Дали ќе може да ги признае своите грешки и да им покаже на луѓето лице во кое може да веруваат зашто ќе го доживеат како искрено? И што ќе направи Бени Сандерс? Дали ќе биде солидарен по поразот?

Станува збор за автентичност

Популизам и ветувања без покритие доминираа во предизборната кампања. Ако Хилари Клинтон сака да влезе во Белата куќа по првиот претседател со темна боја на кожата, таа мора да развие оружје за онеспособување на аргументите на противниците. За тоа таа има аналитички способности. Како прва жена претседателски кандидат таа би морала да покаже соодветни емоции. Не научени, туку доживеани и уверливи. Зашто, за САД е тоа важно. Гласачите бараат автентичност, повеќе отколку програми и коцепти.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми