Хилари Клинтон во дефанзива по новата истрага на ФБИ
БГ
31 октомври 2016
Анкетите покажуваат дека кандидатката на демократите ја губи предноста пред Трамп, откако ФБИ одлучи повторно да отвори истрага за користењето на нејзината службена електронска пошта.
Реклама
Хилари Клинтон е во дефанзива откако ФБИ одлучи одново да го отвори случајот со нејзиното користење на службениот имејл во периодот додека раководеше со Стејт Департментот. Иако 69-годишната демократка сѐ уште е во предност пред гласањето на 8 ноември, последните анкети покажуваат дека нејзиното водство се топи. Според последната анкета на Еј-Би-Си и Вашингтон пост, Клинтон води со 47 проценти доверба, пред Трамп, кој има 45 отсто доверба од испитаниците. Тоа е драматичен пад во однос на последната анкета од минатата недела кога Клинтон имаше предност од 12 проценти. Според друга, повеќеслојна национална анкета на „Риал Клиар Политикс“, Клинтон има предност од 44,9 наспроти 41,1 проценти за Трамп.
Трамп поентираше по последните информации за електронската пошта на Клинтон, наведувајќи го тоа како доказ дека поранешната прва дама е „корумпирана“.
„Истрагата е најголемиот политички скандал од Вотергејт, и сите се надеваме дека правдата ќе биде задоволена“, порача Трамп на еден од неговите митинзи во сојузната држава Ајова.
Кампањата на Клинтон е постојано на удар на истрагите поради користењето на нејзиниот приватен имејл во приватни цели. Делуваше дека проблемот е надминат во јули годинава, откако Федералното истражно биро одлучи да не покренува обвинение. Но, тоа се промени во петокот кога директорот на ФБИ, Џејмс Коми (на насловната фотографија, десно) соопшти дека се откриени нови пораки „кои делуваат релевантно“, во текот на неповрзана истрага.
Нови информации
Новите пораки биле откриени на уреди кои ги користеле блиската соработничка на Клинтон, Хума Абедин и нејзиниот сопруг, поранешниот конгресмен Ентони Вајнер - кој е под истрага поради испраќање пораки со сексуално експлицитна содржина на 15-годишно девојче.
„Американскиот народ заслужува да ги дознае целосните факти веднаш“, рече Клинтон. „Се уште не ги знаеме фактите, и затоа го повикуваме ФБИ да ги изнесе сите информации кои ги поседува“.
Републиканците велат дека новите откритија се уште еден дел од сагата за корупцијата на Клинтонови, обвинувајќи ја поранешната државна секретарка и нејзиниот сопруг, екс-претседателот Бил Клинтон, за постојано лажење.
Жената која не потклекнува: Хилари Родам Клинтон
Падни, стани, направи го следниот чекор, продолжи понатаму. Овој опис одлично одговара за Хилари Клинтон, која се надева дека ќе биде следниот американски претседател. Само уште да го нема Доналд Трамп
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/A. Harnik
Политика, психологија, право
Хилари Родам во 1965 година. Во колеџот најпрво студирала политика и психологија, па се префрла на Универзитетот Јејл на правни студии. Може ли еден човек „да има конзервативни сфаќања, но во срцето да биде левичарски либерал“, го прашала таа својот професор-ментор. Тоа важи и денес, вели нејзиниот биограф Карл Бернштајн.
Фотографија: Getty Images/T. Boyle
Ние сме семејство
Иако тука можеби не изгледа така, ова беа веројатно најубавите времиња во животот на Хилари Родам Клинтон: на 27 февруари 1980 се роди ќерката Челси, која можеби и самата во иднина ќе се ангажира политички. Од ерата на Кенедиеви, политичките династии им се слаба точка на Американците.
Фотографија: imago/ZUMA Press
Третиот најмлад- и неговата Прва дама
Кога Вилијам Џеферсон Клинтон го одржа инаугуративниот говор на 20 јануари 1993 година, со 46 години стана третиот најмлад претседател во историјата на САД. Првата дама Хилари уште тогаш им стана сомнителна на политичките противници. Таа не се задоволи со одржување на градината во Белата куќа.
Фотографија: imago/ZUMA Press
„Скандалот Левински“
Само доколку успешее да се држи подалеку од младите жени... Но моќта ве прави секси, велат некои. Она што следеше беше скандалот околу Аферата Моника Левински. Длабоко неполитичка, но доволно силна за да ја потресе Белата куќа. Во едно подоцнежно интервју, Хилари рече дека никогаш не се посомневала во љубовта на Бил кон неа.
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/APTV
Солидарност со сопругот
Веројатно најгорчливиот момент во животот на Хилари Клинтон: 26 јануари 1998, Претседателот на САД на прес-конференција мора да одговара на прашања за неговиот однос со практикантката Моника Левински: „Немав сексуални односи со таа жена, Левински“. Хилари Клинтон застана лојално до него. Не само тој ден.
Фотографија: Getty Images/AFP/J. Naltchayan
Нов почеток
Девет години откако ја напушти Белата куќа, во јануари 2007, сенаторката Хилари Клинтон влезе во трка со Барак Обама за претседателската номинација на Демократите. Клинтон важеше за голем фаворит и уживаше поголема популарност. Но, потоа младиот Обама се огласи со слоганот „Промени“ и го смени текот на настаните.
Фотографија: Reuters/Larry Downing
Дуелот
Тој е млад и паметен- а таа одеднаш се најде на губитничката страна: Хилари Клинтон и Барак Обама на дебата во 2007. Откако увиде дека ривалот е во голема предност, таа му ја даде поддршката. Обама подоцна се реваншираше именувајќи ја Хилари за државен секретар.
Фотографија: Getty Images/AFP/C. J. Gunther
Во собата за кризни ситуации: Товарот на одговорноста
Во оваа историска фотографија снимена на 1 мај 2011 во Белата куќа: претседателот и неговите најважни соработници ја следат егзекуцијата на Осама Бин Ладен. Една од двете жени на сликата е Хилари Клинтон. Нејзиниот став кажува сѐ.
Фотографија: The White House/Pete Souza/Getty Images
Хилари под притисок
Како државен секретар Хилари Клинтон си изгради добра репутација ширум светот и излезе од сенката на Бил. Но, по убиството на амбасадорот на САД, Кристофер Стивенс во Бенгази, се постави прашањето и за нејзината одговорност. Претседателот и даде поддршка во тие моменти.
Фотографија: Getty Images/AFP/J. Watson
Таа продолжува
Есента 2014 ја издаде книгата „Тешки одлуки“, а на набљудувачите полека им стануваше јасно дека и покрај повлекувањето од Стејт департментот, таа нема да се пензионира. Потоа следуваше и големата одлука.
Фотографија: Getty Images/AFP/N. Kamm
„Ќе се кандидирам за претседател“
На 12 април 2015, тимот на Хилари Клинтон објави видео порака во која таа го потврди она што многумина одамна го знаеја. Хилари повторно ќе се кандидира. Таа тогаш има 67 години и ветува дека повторно ќе им даде надеж на Американците. Во една политички поделена земја, која Обама сепак не успеа да ја обедини.
Фотографија: picture-alliances/Hillary For America via AP
Другиот
Ќе се повтори ли историјата? Дали плановите на Клинтонови уште еднаш ќе доживеат неуспех пред самата цел? Републиканскиот кандидат Доналд Трамп е последната пречка на патот на Хилари кон Белата куќа. Таа е на пат да стане првата жена претседател на САД.
„Го гледаме тоа веќе 30 години, и зебрата нема да ги промени своите шари. Ова е тоа што може да го очекуваме од претседателствувањето на Клинтон“, рече Шон Спајсер, водечки стратег на републиканците.
Шефот на ФБИ, Коми ја правдаше својата одлука да го извести Конгресот во интерна информација испратена до своите вработени.
„Секако, вообичаено не го информираме Конгресот за тековни истраги, но во овој случај почувствував обврска да го сторам тоа имајќи предвид дека во изминатите месеци сведочев дека нашата истрага е завршена“, наведува Коми во пораката која ја објави весникот „Вашингтон пост“.
Но, истиот весник наведува и дека Министерството за правда го предупредило директорот на ФБИ дека таквиот чекор ќе ја наруши долготрајната традиција да не се преземаат чекори кои би можеле да влијаат врз изборите.