1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Музика

Хилари Клинтон го „украде“ шоуто на Греми наградите

СН/ агенции
29 јануари 2018

Музичарот од Хаваи, Бруно Марс ги освои трите најважни признанија на годинешното јубилејно 60-то доделување на наградите Греми. Но гала вечерта не беше одбележана само од музика.

Grammy Awards | Hillary Clinton
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/Invision/M. Sayles

Како и минатата година, така и оваа на доделувањето на Греми наградите од хумористични забелешки не беше поштеден американскиот претседател Доналд Трамп. Воодушевување и смеа кај публиката предизвика видео-скечот во кој водителот на вечерта Џејмс Корден организира аудиција за најдобар читач на контроверзната книга „Оган и бес“, која содржи многу пикантни детали за администрацијата на Трамп.

Хилари Клинтон- изненадувачка ѕвезда на Греми наградите

00:59

This browser does not support the video element.

Меѓу „кандидатите“ беа бројни познати музичари, но и поранешната претседателска кандидатка Хилари Клинтон која загуби на изборите токму од Трамп. Таа беше изненадувачка ѕвезда на вечерта на јубилејното 60-то доделување на најпрестижните музички награди во светот.

Што се однесува пак до признанијата, неприкосновен победник на вечерта е американскиот музичар Бруно Марс, кој освои вкупно 6 Греми награди, меѓу нив и оние најважните: за најдобар албум, најдобар сингл и најдобра песна на годината.

Веднаш зад Марс, со четири освоени  Греми награди се најде раперот Кендрик Ламар.

Фотографија: picture-alliance/AP Photo/Invision/M. Sayles

Исто така треба да се истакна дека гала вечерта во Медисон сквер гарден во Њујорк мина и во знакот на актуелните кампањи против сексуалното злоставување #МеТоо и родовата нерамноправност #TimesUp . На црвениот килим десетици посетители носеа бели рози во знак на протест против сексуалното злоставување, а солидарноста со овие кампањи беше лајт мотив и на многу изведувачи на сцената.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми