Најновото соопштение на директорот на ФБИ во врска со истрагата околу имејлите на Клинтон, му го одзема главниот аргумент на нејзиниот ривал Доналд Трамп
Реклама
Десет дена по првото писмо со кое директорот на ФБИ ја разбранува претседателската изборна кампања, Џејмс Коми на викендот пред изборите достави ново известување до водечкките членови на Конгресот. Во него констатира дека по извршената проверка на дополнителните имелји на демократската претседателска кандидатка, неговата служба не гледа причина за покренување обвинение. Додека првото писмо за новопронајдените имејли предизвика ликување кај приврзениците на Трамп и индигнација во таборот на Клинтон, сега е обратно.
Симпатизерите на Клинтон реагираат со олеснување, зашто информацијата на Џејмс Коми му ја одзема силата на главниот аргумент на Доналд Трамп, имено, дека на Клинтон ѝ се заканува кривична постапка поради аферата со електронската пошта. За Доналд Трамп пак и неговите следбеници, писмото на Џејмс Коми е натамошна потврда за манипулираноста на целокупниот политички систем. Од таборот на Трамп фрлаат со дрва и камења против Коми и го обвинуваат за вршење политичко влијание во корист на Клинтон.
Коми меѓу чеканот и наковалната
Уште од почетокот на истрагата за користењето на приватниот сервер за службена коресподенција од страна на Хилари Клинтон во време додека била министер за надворешни работи, Коми се наоѓаше меѓу чеканот и наковалната. Во тоа ништо не менува ни сегашното растоварување на Хилари Клинтон. Зашто, многумина нејзини симпатизери сѐуше се гневни што Коми воопшто поведе дополнителна истрага и јавно ја обзнани. Со тоа тој му достави убедлив аргумент на Доналд Трамп во самиот финиш на изборната кампања. Според бројни поддржувачи на Клинтон, а да биде иронијата поголема- истата проценка ја делат и симпатизерите на Трамп, директорот на ФБИ од почеток играше политичка игра со цел да влијае врз изборите.
Откако ќе се слегне експлозивната прашина од овие избори, припадниците од двата табори кои се вистински заинтересирани за анализа и помирување по изборите, треба да размислат дали со своето однесување и од партиски аспект можеби логичните напади врз ФБИ и Коми, не направија лоша услуга за и онака разнишаната доверба во институциите и во демократијата на земјата. Зашто, никој освен самиот Коми не ги знае вистинските мотиви за неговите постапки. Можеби тој навистина следеше некоја политичка агенда. Но, тој можеби само се обидуваше да работи најдобро што знае и според својата совест, без обѕир кон партиите. Поддржувачите на Трамп и на Клинтон би требало сериозно да размислат околу оваа можност.
Отстранета пречката на патот
Најновата вест во целина за Хилари Клинтон сепак е огромно растоварување, отстранета е огромна пречка на патот кон Белата куќа. Зашто дури и во овој бизарен изборен циркус, во кој се чини сѐ е можно, шансата против новоизбраната претседателка евентуално да биде подигнато обвинение, ги надминува рамките на толеранција. Тоа што ФБИ сега ја симна од неа сенката на можно обвинение не е за потценување, не само во поглед на денот на изборите, туку и потоа.
Жената која не потклекнува: Хилари Родам Клинтон
Падни, стани, направи го следниот чекор, продолжи понатаму. Овој опис одлично одговара за Хилари Клинтон, која се надева дека ќе биде следниот американски претседател. Само уште да го нема Доналд Трамп
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/A. Harnik
Политика, психологија, право
Хилари Родам во 1965 година. Во колеџот најпрво студирала политика и психологија, па се префрла на Универзитетот Јејл на правни студии. Може ли еден човек „да има конзервативни сфаќања, но во срцето да биде левичарски либерал“, го прашала таа својот професор-ментор. Тоа важи и денес, вели нејзиниот биограф Карл Бернштајн.
Фотографија: Getty Images/T. Boyle
Ние сме семејство
Иако тука можеби не изгледа така, ова беа веројатно најубавите времиња во животот на Хилари Родам Клинтон: на 27 февруари 1980 се роди ќерката Челси, која можеби и самата во иднина ќе се ангажира политички. Од ерата на Кенедиеви, политичките династии им се слаба точка на Американците.
Фотографија: imago/ZUMA Press
Третиот најмлад- и неговата Прва дама
Кога Вилијам Џеферсон Клинтон го одржа инаугуративниот говор на 20 јануари 1993 година, со 46 години стана третиот најмлад претседател во историјата на САД. Првата дама Хилари уште тогаш им стана сомнителна на политичките противници. Таа не се задоволи со одржување на градината во Белата куќа.
Фотографија: imago/ZUMA Press
„Скандалот Левински“
Само доколку успешее да се држи подалеку од младите жени... Но моќта ве прави секси, велат некои. Она што следеше беше скандалот околу Аферата Моника Левински. Длабоко неполитичка, но доволно силна за да ја потресе Белата куќа. Во едно подоцнежно интервју, Хилари рече дека никогаш не се посомневала во љубовта на Бил кон неа.
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/APTV
Солидарност со сопругот
Веројатно најгорчливиот момент во животот на Хилари Клинтон: 26 јануари 1998, Претседателот на САД на прес-конференција мора да одговара на прашања за неговиот однос со практикантката Моника Левински: „Немав сексуални односи со таа жена, Левински“. Хилари Клинтон застана лојално до него. Не само тој ден.
Фотографија: Getty Images/AFP/J. Naltchayan
Нов почеток
Девет години откако ја напушти Белата куќа, во јануари 2007, сенаторката Хилари Клинтон влезе во трка со Барак Обама за претседателската номинација на Демократите. Клинтон важеше за голем фаворит и уживаше поголема популарност. Но, потоа младиот Обама се огласи со слоганот „Промени“ и го смени текот на настаните.
Фотографија: Reuters/Larry Downing
Дуелот
Тој е млад и паметен- а таа одеднаш се најде на губитничката страна: Хилари Клинтон и Барак Обама на дебата во 2007. Откако увиде дека ривалот е во голема предност, таа му ја даде поддршката. Обама подоцна се реваншираше именувајќи ја Хилари за државен секретар.
Фотографија: Getty Images/AFP/C. J. Gunther
Во собата за кризни ситуации: Товарот на одговорноста
Во оваа историска фотографија снимена на 1 мај 2011 во Белата куќа: претседателот и неговите најважни соработници ја следат егзекуцијата на Осама Бин Ладен. Една од двете жени на сликата е Хилари Клинтон. Нејзиниот став кажува сѐ.
Фотографија: The White House/Pete Souza/Getty Images
Хилари под притисок
Како државен секретар Хилари Клинтон си изгради добра репутација ширум светот и излезе од сенката на Бил. Но, по убиството на амбасадорот на САД, Кристофер Стивенс во Бенгази, се постави прашањето и за нејзината одговорност. Претседателот и даде поддршка во тие моменти.
Фотографија: Getty Images/AFP/J. Watson
Таа продолжува
Есента 2014 ја издаде книгата „Тешки одлуки“, а на набљудувачите полека им стануваше јасно дека и покрај повлекувањето од Стејт департментот, таа нема да се пензионира. Потоа следуваше и големата одлука.
Фотографија: Getty Images/AFP/N. Kamm
„Ќе се кандидирам за претседател“
На 12 април 2015, тимот на Хилари Клинтон објави видео порака во која таа го потврди она што многумина одамна го знаеја. Хилари повторно ќе се кандидира. Таа тогаш има 67 години и ветува дека повторно ќе им даде надеж на Американците. Во една политички поделена земја, која Обама сепак не успеа да ја обедини.
Фотографија: picture-alliances/Hillary For America via AP
Другиот
Ќе се повтори ли историјата? Дали плановите на Клинтонови уште еднаш ќе доживеат неуспех пред самата цел? Републиканскиот кандидат Доналд Трамп е последната пречка на патот на Хилари кон Белата куќа. Таа е на пат да стане првата жена претседател на САД.