1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Хилари Клинтон пишува историја

ЕМФ /афп/ртр/дпа/ард27 јули 2016

Хилари Клинтон е кандидат за претседател на американските демократи. На партискиот конгрес во Филаделфија 68-годишната Клинтон доби апсолутно мнозинство гласови на делегатите.

Фотографија: Reuters/M. Kauzlarich

Американските демократи официјално ја номинираа Хилари Клинтон за свој кандидат за претседателските избори наесен. На партискиот конгрес на демократите во Филаделфија повеќе од 2381 делегати го дадоа својот глас за Клинтон, што значеше и освојување апсолутно мнозинство. Клинтон е прва жена во американската историја која се испраќа во претседателската трка од страна на една од големите партии.

Заблагодарувајќи се преку видеопорака, Клинтон на своите приврзаници им рече: „Ова е ваша победа“. Обраќајќи се кон младите девојки, 68-годишната Клинтон порача: Јас можеби ќе бидам прва претседателка на Соединетите Американски Држави, но една од вас е наредната.“

Резултатот од гласањето на делегатите беше објавен од страна на поразениот противкандидат на Клинтон, Берни Сандерс. Сенаторот од Вермонт во својот говор во понеделникот застана зад Хилари Клинтон и најави заедничка борба против Доналд Трамп. И сопругата на американскиот претседател, Мишел Обама, побара поддршка за Клинтон.

Сандерс го засени изборот на Клинтон

01:02

This browser does not support the video element.

Протест на приврзаниците на Сандерс

Но, приврзаниците на Берни Сандерс не престануваат да протестираат. Тие и на вториот ден од конгресот постојано ја прекинуваа работата со извици „Берни, Берни“ и се обидуваа да ги надгласаат приврзаниците на Клинтон. Непосредно по номинацијата на Хилари Клинтон, група приврзаници на Сандерс ја напушти салата и пред шаторот за претставниците на медиумите почна протестна акција со штрајк со седење. Дел од нив си ја залепија и устата.

Денеска на конгресот на демократите би требало да зборуваат американскиот претседател Барак Обама, потпретседателот Џо Бајден и кандидатот на Клинтон за потпретседател Тим Кејн. Партискиот конгрес би требало да заврши во четврток со говор на Хилари Клинтон, со кој таа официјално ќе ја прифати номинацијата.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми