1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Хилари Клинтон - хаос во последните метри од трката

Михаел Книге
29 октомври 2016

Најавата за нова истрага во врска со имејлите на Хилари Клинтон повеќе отвора прашања отколу што дава одговори. ФБИ би морал итно да ги разјасни работите уште пред 8 ноември, коментира Михаел Книге.

USA Hillary Clinton nachdenklich
Фотографија: picture-alliance/dpa/S. Thew

А токму што сите помислија дека гротескната американска предизборна кампања не може да стане уште почудна! Но, судирот меѓу Доналд Трамп и Хилари Клинтон бележи нов пресврт.

Започна со краткото известување кое директорот на ФБИ Џемск Коми вчера го испрати до водечките членови на Конгресот: во само 169 збора беше напишано дека неговата служба, истражувајќи неповрзан случај, „дошла до сознанија за постоење електронска пошта која би можела да биде важна за истрагата“ во случајот Клинтон. Коми не можеше да каже колку ќе трае новата истрага ниту дали новиот материјал е вистински значаен.

Не е изненадувачки што Републиканците и нивниот претседателски кандидат Доналд Трамп, кој според последните анкети далеку заостанува зад Хилари Клинтон, се обидуваат да извлечат политички профит од најавата на директорот на ФБИ. Исто така не е изненадување што Демократите се обидуваат да ја минимизираат целата работа.

Михаел Книге

Па сепак, сите обиди се базираат на штурото известување на Џемс Коми. А тоа не е доволно на две недели пред финалето на изборната кампања која ги подели Американците на два табора. Јазот меѓу нив е подлабок и од претпоставките на најголемите циници.

Истрагата на ФБИ покрена нешто нечуено, влогот пред овие избори уште еднаш е подигнат. Досегашната истрага во врска со електронската преписка на Хилари Клинтон, која таа ја водела преку приватниот сервер во времето додека беше министер за надворешни работи, не покажа никакво противправно однесување на фаворитката за Белата куќа. Новите сознанија таквото однесување ќе го докажат или нема да го докажат. Трето нема.

Затоа Џемс Ками, човекот кој во овој критичен момент ја лансираше веста за истрагата, би постапил паметно ако јавно соопшти за што станува збор и дали новите сознанија докажуваат криминално однесување на Хилари Клинтон. Таа дилема би требало, на било каков начин, да ја расчисти до изборите.

Уште поважно: Коми би морал да знае дека едно непрецизно соопштение од 169 збора не е доволно за тема со толкава тежина. Американците заслужуваат нешто подобро и не треба да бидат држани во неизвесност. Топката е повторно кај Коми.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми