1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Хил: Македонија треба да биде примена во НАТО

БГ/миа21 март 2014

Поранешниот американски амбасадор во Македонија, Кристофер Хил смета дека кризата со Крим треба да го забрза проширувањето на НАТО во Европа

Фотографија: picture-alliance/dpa

Треба да се посвети поголемо внимание на источното крило на НАТО, а особено треба да се врати вниманието на ситуацијата на Балканот. Отсекогаш сум верувал дека Македонија, која се однесува како НАТО-земја, треба и да биде прифатена како таква.

Ова го вели Кристофер Хил, поранешен амбасадор во Република Македонија и заменик помошник-државен секретар за источноазиски и пацифички прашања, во интервју за Гласот на Америка на македонски јазик.

„Бездруго, ситуцијата на Крим ја зголеми напнатоста Исток-Запад. Тешко е да се каже дали ова е повторно создавање на Студената војна, но секако мислам дека треба да се посвети поголемо внимание на источното крило на НАТО, а особено треба да се врати вниманието на ситуацијата на Балканот. Отсекогаш сум верувал дека Македонија, која се однесува како НАТО-земја, треба и да биде прифатена како таква. Искрено, би пошол и поддалеку. Не се работи само за НАТО. Се работи за поширокиот однос што го имаме со овие земји“, вели Хил запрашан дали кризата со Крим ќе влијае на НАТО да забрза со процесот на проширување.

Кристофер Хил е декан на Школата за меѓународни студии Џозеф Корбел на Универзитетот во Денвер. За време на дипломатската кариера, бил помошник- државен секретар за источноазиски и пацифички прашања и амбасадор во Ирак, Јужна Кореја, Полска и Македонија.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми