1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Хирошима - едно ужасно злосторство

Кармен Дауценберг6 август 2015

Пред 70 години американските атомски бомби ги збришаа јапонските градови Хирошима и Нагасаки. Неколку дена подоцна следуваше капитулацијата на Јапонија, и крајот на Втората светска војна.

Фотографија: Getty Images/AFP/K. Nogi

Звукот на Мировните камбани одекна во Хирошима во 8:15 утрово.

Точно во тоа време пред 70 години американска атомска бомба го срамни со земја тој јапонски град.

Јапонија им оддава почит на жртвите.
Комеморација за тој неверојатен, ужасен преломен момент во историјата на човештвото.

Американскиот бомбардер „Енола Геј“ на 6 август 1945 година ја исфрли атомската бомба „Литл Бој“ над Хирошима, за да се принуди Јапонија на капитулација.

Три дена подоцна беше фрлена бомба и врз Нагасаки. Во миг загинаа десетици илјади луѓе. Илјадници доживеаја тешки изгореници.

На 15 август Јапонија капитулира, со што заврши Втората светска војна.

Илјадници луѓе умреа од последиците од нападот, а и до денес има многубројни заболени од радијација. Се проценува дека вкупно имаше повеќе од 200 илјади загинати.

Сеќавања кои на годишнината одново будат болни спомени.

Хирошима - едно ужасно злосторство

01:33

This browser does not support the video element.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми