1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Можниот лек против Ковид-19 смртоносен во поголеми дози?

Александер Фројнд
16 април 2020

Лекарите се надеваат дека лекот против маларија би можел да помогне во борбата против коронавирусот. Во Бразил меѓутоа починаа единаесет пациенти лекувани со хлорокин поради што тестирањето е запрено.

Frankreich Malariamittel Nivaquine zeigt Wirkung gegen Coronavirus
Фотографија: AFP/G. Julien

Додека и понатаму се работи на пронаоѓање вакцина, научниците ширум светот се надеваат дека некој од постоечките лекови може да делува против симптомите предизвикани од коронавирусот. Последните недели голема надеж беше лекот хлорокин кој со децении се користи во сузбивањето на маларија.

Во лабораториските студии од Франција и од Кина, за волја на вистината, спроведени на мал број испитаници, утврдено е дека хлорокинот може да спречи размножување на коронавирусот и да ја намали неговата концентрација кај луѓе со тешки симптоми на болеста. Иако постоеа сомневања, а и можните несакани ефекти не се до крај испитани, на многу места во светот започнаа клинички студии со овој лек. 

Прекината студија

Но, во Бразил единаесет пациенти починаа како последица од силна аритмија и оштетување на срцевиот мускул кои најверојатно се предизвикани поради поголеми дози хлорокин во комбинација со антибиотици.

Повеќе:

-Коронавирусот ја зема третата жртва, за двајца пациенти нова терапија

-Филипче најави нова терапија за коронавирус- какви се светските искуства?

-Коронавирус: Конфузија околу лековите, што да се користи?

Клиничката студијата која ја финасира државата ја води Маркус Ласерд од Тропскиот институт во Манау. Вкупно 81 пациент беа поделени во две групи. Првата група во рок од пет дена, два пати дневно добивала по 450 милиграми хлорокин, а втората група во период од десет дена добивала два пати по 600 милиграми од лекот. Оваа доза е над препорачаната од кинеските научници и Американскиот центар за контрола и превенција на болести.

Веќе по два три дена бразилските лекари забележале тешки пореметувања на срцевиот ритам кај пациентите кои добивале појака доза. Шестиот ден од спроведувањето на студијата починале единаесет лица и тестирањето е прекинато.

Несаканите ефекти се познати

Уште минатата недела интернисти во еден канадски стручен часопис предупредија на опасност од аритмија, особено ако хлорокинот се дава во комбинација со антибиотик. Според овој напис, комбинацијата на овие лекови може да предизвика и хипогликемија (голем пад на шеќерот во крвта), како и вознемиреност, збунетост, халуцинации. Според интернистите, кај примена на поголеми дози може да дојде и до епилептични напади како и престанок на работата на срцето.

Дополнителен проблем со хлорокинот е што за разлика од пациентите со маларија, поголемиот дел од луѓето заболени со коронавирусот кои имаат тешки симптоми се значително постари и имаат и други болести. Очигледно во таа ризична група овој лек за маларија има тешки последици за срцето. За време на спроведувањето на студијата во Манау немаше испитување со плацебо-група за да се спореди текот на болеста и смртноста. Затоа е тешко да се заклучи кај колку луѓе хлорокинот придонел за смртта. Особено што и антибиотикот ацитромицин, кој бил дел од терапијата исто така предизвикува аритмија. На пациентите им се давал и лек против грип - тамифлу кој исто така може да предизвика пореметување на работа на срцето.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми