За Холанѓанецот Данкан Лоренс и неговата балада „Аркаде“ во обложувалниците се прогнозирани 43% шанси за победа.
Реклама
Холандија влегува како јасен фаворит во финалето на Евросонгот. По второто полуфинале во четвртокот, Холанѓанецот Данкан Лоренс вчера само уште повеќе ја зголеми својата предност во обложувалниците. За него и неговата балада „Аркаде“ се прогнозирани 43% шанси за победа. Разликата помеѓу Холандија и Австралија, која е на второто место со само 12%, е огромна.
Во тесниот круг на фаворити се вбројува и Швеѓанецот Џон Лудвик. Обложувалниците им придаваат добри шанси за победа и на Швајцарија и Азарбејџан.
Македонската претставничка Тамара Тодевскае некаде на средината според шансите за победа на Евросонгот, а германските фанови од Евросонгот не треба да очекуваат многу. Дуото „S!sters“ е на последното место на обложувалниците. Едната од пејачките во дуото, Лаурита Спинели, вели: „Не е срамота да загубиш. Затоа човек и не би требало поради тоа да се плаши од лош пласман.“
Во текот на изминатите години обложувалниците често имаа добра прогноза за победникот на Евровизија и пласманот на останатите учесници.
Евросонг 2019: Тамара меѓу победниците на вечерта
Второто полуфинале на изборот на песна за Евровизија ги донесе и последните 10 финалисти. Настапот на Тамара, нашата дописничка Силке Вунш го оценува како добар. Баладата е убава и убаво испеана. Гледајте ја во финалето!
Фотографија: EBU/Thomas Hanses
Шведска- Џон Лундвик
Солидна соул-поп нумера. Швеѓаните ги погодија вистинските тонови. Со неговите четири госпел придружнички, Џон Лундвик може да се надева и на пласман меѓу првите 10 во финалето.
Фотографија: EBU/Thomas Hanses
Русија- Сергеј Лазарев
Кој ќе помислеше дека руската суперѕвезда Сергеј Лазарев, најавуван со голема помпа, ќе биде изненаден. Тој беше клониран и претставен на осум платна. Зад тоа стоеше комплицирана, но прецизно водена техника. Така и отпеа. Заслужен статус на фаворит.
Фотографија: eurovision.tv/Thomas Hanses
Азербејџан- Чингиз
Радио певлива поп-нумера која останува во уво, интерпретирана од убав пејач- тоа публиката го сака. Ќе се видиме во сабота, Чингиз!
Фотографија: EBU/Thomas Hanses
Данска- Леонора
Облачиња, постојана насмевка, мир, радост, палачинки. И тоа на четири јазици: англиски, германски, француски и дански. Леонора го погоди нервот на публиката. Ќе биде интересно во сабота.
Регетон со електро ритам, и една шарена претстава- боите во позадината се менуваа како кај камелеон, а пред нив се танцуваше. Публиката сака повторно да ја види Михаела со нејзината парти-нумера.
Фотографија: EBU/Andres Putting
Холандија- Данкан Лоренс
Данкан Лоренс веќе неколку недели е фаворит. Но одушевувањето малку подзапре. Затоа што неговиот настап беше толку неспектакуларен што разочара многу фанови. Но нумерата е добра, па ќе можеме да ја слушнеме повторно во финалето.
Фотографија: EBU/Thomas Hanses
Швајцарија- Лука Хани
Лука Хани имаше добар настап. Германците го познаваат како победник на шоуто „Германија ја бара суперѕвездата“ во 2012 година. Во Тел Авив се смета за еден од фаворитите. Со право.
Фотографија: EBU/Thomas Hanses
Норвешка- Кеиино
Оваа песна имаше се што една солидна евровизиска нумера треба да поседува: убави луѓе, мелодија која останува во сеќавање, ветер и оган. Фолклорниот момент доаѓа од самиот пејач кој јодлува во микрофонот традиционален Јоик.
Настапот на бината имаше многу сличности со рускиот претставник, затоа што и Тамара беше „клонирана“. Баладата, во споредба со другите, е убава и добро испеана. Тоа треба уште еднаш да се види во сабота. Настапот е интересен и поради тоа што земјата која порано се викаше Македонија, сега за првпат настапува под името Северна Македонија на Евровизија.
Пласманот на Јонида Малиќи во финалето е изненадување. Класично, со фолклорни елементи и многу ветер в грб таа ги освои симпатиите на публиката- и покрај тоа што често фалшираше.