Ѕвездите во предизборна кампања - кој кого поддржува?
Ж.А. /агенции
2 ноември 2016
Хилари Клинтон или Доналд Трамп? Американските ѕвезди се вклучуваат во предизборната кампања на своите фаворити делумно со методи полни фантазија.
Реклама
Двајцата американски претседателски кандидати, Хилари Клинтон и Доналд Трамп не можеа да бидат поразлични. Републиканецот се експонира со неодмерени изјави и вулгарности, демократската кандидатка се прикажува како силна жена со срце. Последната недела пред конечниот избор, резултатите од анкетите на јавното мислење навестуваат мртва трка. Тензиите растат, неизвесноста станува поголема. Доналд Трамп и Хилари Клинтон во трката за највисоката функција, за влез во Белата куќа, имаат и помош од познати поддржувачи. Холивудски актери, пејачи, спортисти се поделија исто така во два табори. Кај Клинтон листата е нешто подолга, тука се на пример Кејти Пери, Лејди Гага, Џорџ Клуни, Роберт Де Ниро, Мерил Стрип...На страната на Трамп се Чарли Шин, Клинт Иствуд, Мајк Тајсон... Притоа, бројни познати личности не сакаат јавно да го поддржат Трамп, стравувајќи за својот имиџ.
Ѕвездите во предизборна кампања - кој кого поддржува?
Хилари Клинтон или Доналд Трамп? Американските ѕвезди се вклучуваат во предизборната кампања на своите фаворити делумно со методи полни фантазија
Фотографија: Getty Images/G. Caballero
За Хилари!
На една недела пред претседателските избори во САД, пејачката Џенифер Лопез јасно се определи за Клинтон. И Бон Џови е на турнеја во поддршка на Хилари, настапувајќи на бесплатни концерти под мотото "Love Trumps Hate".
Фотографија: Getty Images/G. Caballero
И Кејти Пери е за Хилари
Американската пејачка е активна на сите начини во кампањата на Клинтон, пее на бесплатни концерти, оди во студентски домови, а кулминација е едно видео на кое гола ги повикува своите фанови да излезат на гласање. Клипот на Јутјуб има веќе преку 3,7 милиони клика.
Фотографија: Getty Images/D. Becker
Стисната тупаница
Роберт Де Ниро пак исто така во видео не остава простор за сомнеж за кого се определил: „Тој вели дека ќе ги тепа луѓето кои протестираат на неговите настапи. Јас радо би му удрил една тупаница в лице. Би сакале ли ваков тип за претседател? Не верувам.“
Фотографија: picture-alliance/dpa/S. Nogier
„Генерација на слабаци“
Клинт Иствуд, напротив, е на страната на Трамп. „Живееме во ера на генерација слабаци“, тврди актерот, но овој веројатно највлијателен поддржувач на Трамп не е во никој случај негов најголем симпатизер. Тој само го смета за помало зло, констатира Иствуд.
Некои американски ѕвезди не се изјаснуваат јавно за Трамп, стравувајќи за својот имиџ. Но, Чарли Шин не спаѓа во нив. Откако претходно го критикуваше, летоска актерот напиша на Твитер: „Ако Трамп ме повика, веднаш би станал негов заменик-претседател!#TrumpSheen16".
Соочена со опасноста Трамп да стане претседател, дури и инаку неполитичката Мерил Стрип се качи на предизборната бина на демократите. Мерил не се сомнева воопшто во исходот од изборите: „Хилари Клинтон ќе биде претседателка на САД“.
Фотографија: picture-alliance/dpa/S. Thew
Забавите на Клуни
Холивудската актерска ѕвезда Џорџ Клуни (десно) се прокламираше за симпатизер на Хилари уште додека таа беше сенатор, како што покажува фотографијава од 2003. година. Клуни во својата вила во Лос Анџелос организира вечерни забави за собирање парични донации за изборната кампања на Клинтон. Гостинот треба да плати 33.400 долари за вечерата.
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/D. Cook
Хилари танцува пред камерите
Многу ефектно беше и гостувањето на Клинтон во емисијата на познатата американска ТВ-водителка Елен Деџенерис (десно), со американската комичарка Ејми Шумер (лево) и поп-ѕвездата Пинк, кога претседателската кандидатка танцуваше врбувајќи гласови на избирачите.
Листата на поддржувачи на Трамп во целина е кратка. Еден е борачот Халк Хоган, а за републиканскиот кандидат врбуваат и боксерскиот шампион Мајк Тајсон и пејачот Кид Рок, но само тивко, никој од нив не може да се види на јавните настапи на Трамп.
Фотографија: Getty Images/D. Kambouris
Од врата до врата во колеџ
Мајли Сајрус од таборот на Клинтон неодамна одеше од врата до врата во колеџ во Вирџинија. Самонаречената „најголема светска феминистка“ се надева да ја види Хилари Клинтон како прва американска претседателка.
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/M. Riley
Хилари за претседател
#HillaryForPresident
Активноста на бројни проминентни личности преку различни социјални медиуми е насочена првенствено кон освојување на симпатиите на младите гласачи. Тие инаку се скептични кон Клинтон. За демократската кандидатка меѓутоа е добредојдена поддршката од ѕвездата од реалните ТВ-шоуа, Ким Кардашијан со нејзините речиси 50 милиони следбеници на Твитер.