1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Холокауст- економија

26 јануари 2005

Економијата во Третиот Рајх цутеше врз основа на аnгажирањето принудни работници. Политичкиот спор околу финансиското обештетување траеше со децении. Дури пред пет години со основањето на фондацијата“ Сеќавање, одговорност и иднина“ беше најдено конечно решение. Фондацијата ја поддржуваат со една половина германската сојузна влада, а втората е иницијатива на германските фирми. Денес се уште се живи ми

Фотографија: AP

�ион и 700 илјади принудни работници. Од летото 2001 година секој од нив може да добие по околу 7600 евра. Конечната исплата треба да заврши во текот на оваа година.

“Германската голема индустрија, ИГ Фарбен, Круп, Флик, Рајнметал, има долг кон поранешните принудни работници кои сеуште се живи, бидејќи. “Бевме помалку од робови“ изјави еден од принудните работници. Сопствениците гледаат да ги зачуваат робовите. Нас не искористуваа, а потоа не фрлаа, не спалуваа со отпадот. Принудните работници работеа до последен здив, до смртта. Сето беше дел од програмата “ да се уништи со работа“ вели американскиот главен обвинител на Нирнбершкиот процес Бенјамин Ференц.

Станува збор за групна тужба од страна на преживеаните работници од САД за времето на нацизмот, против големите германски концерни, меѓу кои спаѓаат БМВ, Дајмлер Бенц, Дојче Банк, Сименс и Фолксваген. Тие, како што вели адвокатот на тужителите Едвард Фаган, играле значајна улога за време на уништувањето на евреите.

За германските фирми на коцка се најдоа суми изразени во милијарди. Им се закануваше страотна загуба на имиџот, со оглед на тоа што раководствата со децении им успеваше да ја надоместуваат штетата на преживеаните со образложение дека овие овие компании во тоа време биле обврзани да запослуваат принудни работници. Отука, само Сојузна Република Германија како правна наследничка на национал-социјалистичката држава мора да ја надокнади штетата, вели Ербо Херманс, поранешен преставник за медиумите на БМВ во Минхен:

“ Принудните работници кои биле вработени во нашата куќа, по барање на државата не примаа плата. Според тоа треба да се обратат на државата Сојузна Република Германија, бидејќи таа е правна наследничка на Третиот Рајх“

Според оценките на економскиот историчар Дитрих Ајхолц, многу други германски фирми имале корист од принудното работење во Аушвиц и на други места. Капиталот на германската индустрија по завршувањето на војната беше 17 пати поголем отколку во 1939 година. Нацистичкиот режим ја загуби војната, но индустријата имаш ќар од неа. Посебно што затворениците во концентрационите логори и воените заробеници не добиваа плата, принудните работници од Полска и Советскиот Сојуз многу малку, а од западните држави речиси исто колку и германските помошни работници.

“Да се заборави и потисне“ вака гласеше девизата на повеќе германски претпријатија по крајот на втората светска војна, кога стануваше збор за барањата на поранешните принудни работници. Повеќето од стотина фирми во кои работеле принудните работници, само неколку биле подготвени да исплатат оштета за трудот и нарушено здравје, меѓу кои ИГ Фарбен и Дајмлер Бенц. Но, тоа беа само скромни средства кои во најголем дел беа исплатени на еврејските жртви, иако сите добиваа корист од принудните работници, вели Улрих Херберт професор по историја на универзитетот во Фрајбург:

“ Во Август 1944 на територијата на Третиот Рајх имаше осум милиони странски цивилни работници, кои доаѓаа од окупираните области. Во 1939 година на германската економија и недостасуваа 1,2 милиони работници бидејќи сите беа во армијата“

Досега милион и 500 илјади работници од 80 земји добија обештетување. До средината на годинава, финансиски средстав треба да им бидат исплатени на уште два милиона луѓе.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми