1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

Хонгконг: Суспендирање на спорниот закон за екстрадиција

СН/ агенции
15 јуни 2019

Со оглед на бранот протести во поранешната британска колонија мораше да попушти дури и шефицата на прокинеската влада Кери Лам. Но притисокот на Пекинг за поголемо влијание врз Хонгконг ќе продолжи.

Hongkong Carrie Lam, Regierungschefin
Фотографија: Reuters/T. Siu

Шефицата на хонгкошките власти, Кери Лам, изјави денеска дека ќе биде суспендирана процедурата за усвојување на нацрт законот за екстрадиција на граѓаните на кинеските власти.

„Владата на Хонгконг одлучи да ја спуспендирана процедурата за усвојување на нацрт законот“, изјави Кери Лам за новинарите една недела по големите протести поради спорниот закон.

Фотографија: Reuters/A. Perawongmetha

Лам порано инсистираше да се усвои законот и покрај бројните критики на активистите за заштита на човековите права и на работните групи, кои тврдат дека измените ќе ја нарушат репутацијата на Хонгконг како територија со независно правосудство.

Повеќе:

-Маневарскиот простор за Хонгконг се стеснува

-Повторно солзавец и гумени куршуми против демонстрантите во Хонгконг

Противниците на новиот закон наведуваат оти правниот систем во Кина не би им ги гарантирал на обвинетите исти права кои ги имаат во Хонгконг, кој е полуавтономна кинеска територија.

Фотографија: Reuters/T. Peter

Кога во 1997 година Велика Британија ја предаде Кина, на Хонгког му е гарантирано правото да го задржи сопствениот социјален, правен и политички систем во наредните 50 години, по формулата „една земја, два система“. Меѓутоа, владеачките кинески комунисти се' повеќе не се придржуваат до тој договор и инсистираат на измена на законите, непопуларни во Хонгконг.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми