1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Хорст Зехофер со гигантска задача во ЦСУ

Петер Хиле25 октомври 2008

Конгрес на Христијанско-социјалната унија во Минхен, кој треба да значи нов почеток со нов лидер. Хорст Зехофер е човекот кој треба да ја извлече партијата од хаосот по дебаклот на ЦСУ на покраинските избори во Баварија

Хорст ЗехоферФотографија: AP

Освојувањето на само 43,4% од гласовите, за ЦСУ, која до покраинските избори во септември, владееше неприкосновено во најјужната германска покраина, беше катастрофа. Таа го загуби апсолутното мнозинство и влезе во период на хаос - прво своето повлекување го најави шефот на партијата, Ервин Хубер, потоа премиерот Гинтер Бекштајн, а сега Ервин Хубер даде оставка и на функцијата министер за финансии. Хорст Зехофер, како нов лидер на ЦСУ, треба повторно да стави ред во партијата и да се погрижи работите да тргнат по нагорна линија.

Хорст Зехофер е двојно оптоварен. Tој на конгресот на ЦСУ станa шеф на партијата, а веќе в понеделник ќе биде избран и за премиер на покраината Баварија. „Тоа е гигантска задача - претседател на партијата и премиер“, вели Зехофер.

Гигантски тешко

Зехофер нема да мора, како грчките гиганти да се бори против боговите, но треба да води една партија која по дебаклот на изборите во септември, минува низ една од најтешките кризи во историјата. И, истовремено треба да води една покраина, која е свиткана во штрудлата на меѓународната финансиска криза. Полудржавната банка во Баварија - Баерн ЛБ е пред пропаст и има потреба од 6,4 милијарди евра. Едно чудо пари кои недостигаат: „Што се однесува до иднината, мора да бидам искрен, првпат откако сум во ЦСУ - речиси 40 години, малку се плашам.“

ЦСУ и ФДП постигнаа согласност за коалицирање во Баварија - Хорст Зехофер и лидерот на ФДП во Баварија, Сабине Лојтхојсер-ШнаренбергерФотографија: AP

По речиси 40 годишно искуство во политиката во Баварија и Берлин, Зехофер важи за искусен борец во борбите за моќ. Како син на возач на камион, Зехофер се пробиваше неприкосновено нагоре - од едноставен работник во администрацијата во органите на управа во Инголштат, до сојузен министер за земјоделство и заштита на потрошувачите, и притоа, остана близок до народот. Дури и болеста која беше закана по неговиот живот, во 2002 година, не можеше да го сопре: „Политиката е зависност. Јас сум зависник“, констатира самиот Зехофер.

Нема веќе „баста“!

По заминувањето на Едмунд Штојбер, во септември 2007 година, Зехофер, сепак, не успеа во изборот за претседател на ЦСУ. Тука, меѓу другото, му наштетија и медиумските извештаи за неговото вонбрачно дете. Изборниот дебакл, што го доживеа дуото Бекштајн-Хубер, повторно го втурна Зехофер во прв план. Тој важи за „социјална совест“ на конзервативната ЦСУ и сака да го промени стилот на раководење на партијата: „Нема да има раководење во кое последниот збор го има лидерот. Нема да има наредби и послушност. И, дискусијата не треба да се сфаќа како слабост во раководењето, како проблем, туку како придобивка за демократската култура.“

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми