1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Хорст Келер во посета на Романија, Бугарија и Босна и Херцеговина

2 јули 2007

Германскиот претседател Хорст Келер денеска допатува во официјална посета на Романија.

Германскиот Претседател, Хорст КелерФотографија: AP

На аеродромот во Букурешт тој и сопругата беа дочекани со воени почести, по што Келер и неговиот романски колега по функција Трајан Басеску се повлекоа на политички разговори. За тоа кои се темите на разговорите во Букурешт, но и на натамошните постојки на турнејата по земјите од ЈИЕ, повеќе од прилогот на Герд Дeпенброк.

Посетата на Романија за претседателот на СРГ, Хорст Келер има и лична нота. Неговите родители имено се запознале и уште некое време живееле во градот Сибиу, поранешен Херманштат, каде и ден денес живее германско малцинство. На само поради тоа, Хорст Келер ќе го посети овој град и ќе се запознае лично со положбата на околу две илјади свои сонародници. Во Херманштат, само за споредба, живеат преку 150.000 жители.

Овој град од средна големина ја има честа годинава заедно со Луксембург да биде главен град на Европа, кога е во прашање културата. Во Сибиу или Херманштат активно работи гимназијата Брукентал, во која може да се полага матура на германски јазик и со тоа да се стекне директна проодност на сите германски универзитети. А и градоначалникот е од редовите на германското малцинство во градот.

Но, пред да може да се сретне со припадниците на германското малцинство, Хорст Келер денеска во Букурешт води разговори со огорчените соперници на врвот на романската политика. Станува збор за премиерот Калин Попеску Таричеану и претседателот на државата Трајан Басеску, кои и понатаму водат тешка политичка битка еден против друг. Она што Келер како претседател на Германија меѓутоа повеќе го интересира, тоа е напредокот на полето на реформите во Романија. И таа, како и Бугарија, која Келер ќе ја посети утре вечер, е нова членка на ЕУ и се‘ уште е под засилено набљудување на Европската комисија поради недовршените задачи на полето на корупцијата и организираниот криминал.

“Мислам дека е важно кога доаѓа претседателот на Германија, а кој се изјаснил за приемот на земјата во ЕУ, да се каже: сега морате да продолжите со реформите. Приемот не смее да биде изговор за намалување на темпото на реформскиот процес“ - смета државниот секретар при германското Министерство за надворешни Гинтер Глосер.

Завршницата на четиридневната турнеја по регионот на ЈИЕ, Хорст Келер го води во Сараево, каде ќе го посети германскиот контингент при ЕУФОР. Со тој симболичен чекор, Келер сака да ја потенцира важноста на европскиот ангажман за обезбедувањето на мирот во Босна и Херцеговина.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми