1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЕУ го разочара Западен Балкан

Riegert Bernd Kommentarbild App
Бернд Ригерт
24 јуни 2022

Во проширувањето на ЕУ стигнуваат нови сигнали. Поради руската инвазија врз Украина, акцентот сега се става на геополитиката, наместо на ситничарските преговори, како со Западен Балкан, коментира Бернд Ригерт

Фотографија: DW/Ani Ruci

Кај досегашните кандидати за прием во Европската унија од Западен Балкан владее голема фрустрација. Ним со години им се ветува прием, но од редица причини, процесот не напредува. Сега одеднаш  Украина,  и во нејзина сенка Република Молдавија протрчуваат покрај земјите од Западен Балкан, станаа кандидати во рекорден рок.

Разочарувањето е разбирливо, но се базира на погрешни претпоставки. Во проширувањето на ЕУ во иднина улога ќе игра геополитиката, одбраната против емперијалните стремежи на рускиот претседател. Повеќе не важи, како кај Западен Балкан и во голем дел кај посебниот случај Турција, само политичко и економско усогласување на општествата кои се приемаат со стандардите на ЕУ. 

Нужен ризик

Со историската одлука на територијално големата Украина, која се наоѓа во војна со Русија, да ѝ се додели кандидатски статус, ЕУпостави целосно нови смерници. Тоа е политички ризик, смета искусниот луксембуршки министер за надворешни работи Жан Аселборн. Но неопходен ризик. Оние кои милуваат нешто помал ризик, како Франција, Холандија, Португалија и исто така Германија, се тешат со тоа што денешниот чекор уште не чини ништо и фактичкиот прием на Украина во ЕУ се наоѓа во далечна иднина, по години преговарања.

Бернд Ригерт, автор на коментарот

Историскиот чекор, на среден рок, ќе има позитивно влијание и за кандидатите за членство од Балкан, зашто на ЕУ сега во прв план ѝ е потиснување на руското и кинеското влијание во регионот.  Приемните критериуми, кои досега мораа да се почитуваат многу строго, од таа причина ќе бидат малку поомекнати.

Несаканото и одвишно блокирачко однесување на Бугарија мора брзо да биде надминато. Недозволиво е членка на ЕУ своите внатрешнополитички проблеми да ги изживува преку киднапирање на процесот на проширување. Но, не само Бугарија, туку и Грција и Франција во минатото си дозволија употреба на своето право на вето во процесот.

Балкан мора сам да си ги реши своите проблеми

Проблемите во досегашната постапка за приклучување на Западен Балкан во еден дел се лоцирани кај ЕУ, но вистински големите пречки земјите кандидати мора сами да ги тргнат од патот: ЕУ не може да им наложи стабилна демократија, владеење на правото, решавање на конфликтите со соседите. Тоа земјите мора сами да го постигнат. Босна и Херцеговина, Косово, Србија и Албанија тука имаат за кршење уште доста цврсти ореви.

Ќе беше добро ако 26-те членки на ЕУ успееја да се изборат против Бугарија и ги започнеа пристапните преговори со  Северна Македонија  и  Албанија.  Принципот на едногласност, за жал, тоа го спречи. Во овој смисол, самитот во Брисел повторно беше пропуштена шанса да им се даде нов замав на напорите на  Западен Балкан.  Но тој сигурно испрати силен сигнал во правец на Русија: ЕУ, без оглед на сите тешкотии, е спремна да ја прескокне сопствената сенка и да ја прими Украина. А Москва тоа не може да го спречи.

Реформски притисок и врз самата ЕУ

Јасно е дека овој храбар чекор ќе предизвика промени и во ЕУ. Таа мора да да ја подобри својата проширувачка способност, мора да ги поедностави процесите на донесување одлуки, во спротивно нема воопшто да може да интегрира нови членки. Ваквото сознание не е ново, само што во годините зад нас не се случи ништо значајно во таа насока. Во државите од ЕУ, поради финансиската, должничката и бегалската криза, во изминатите 15 години порасна бројот на евроскептичните популисти. И тоа е дел од причините за силното назадување на способноста за прием на нови членки. Дали геополитичкиот шок предизвикан од нападот на Русија врз Украина  ќе биде од помош за свртување на овој тренд или напротив, дополнително ќе го засили, е отворено прашање.

Постапувањето на ЕУ овојпат мора да биде подобро отколку во случајот со Турција, исто така огромна потенцијална членка на ЕУ, која во 2005 година требаше да биде примена исто така од делумно геостратешки причини. Во текот на жилавиот пристапен процес, Турција се одметна во автократскиот табор и нема никаква шанса во догледно време да направи пробив во насока на ЕУ. Со Украина тоа не смее да се повтори. 

 

Бернд Ригерт Дописник од Брисел со фокус на луѓето, приказните и политиката на Европската Унија
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми