1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Храна има за сите, но како ќе се стигнува до неа?

БГ /АФП
29 март 2020

Пандемијата на коронавирусот веќе предизвика некои држави да размислуваат за ограничување на извозот на житни култури и ориз. Експертите велат дека има доволно за целиот свет, но транспортот станува проблем.

Spanien leere Supermarktregale in Barcelona
Фотографија: picture-alliance/dpa/E. Morenatti

Низ светот расте загриженоста за сигурноста на снабдувањето и производството на храна, откако пандемијата на коронавирусот стави речиси една третина од светското население во изолација, а бројот на заразени се приближува до 500 илјади во 200 земји и територии.
Паничното купување на производи за домаќинство, како тоалетна хартија и производи за дезинфекција, се случува во речиси секоја земја која беше погодена од Ковид-19, а сликите од празни полици во супермаркетите станаа вообичаени.
Паралелно со стравот кој го буди неконтролираното купување на потрошувачите, се шири и загриженоста дека некои влади би можеле да го ограничат извозот на храна за да се осигураат дека нивното население ќе има доволно, а тука е и проблемот со транспортот.
„Луѓето стануваат загрижени“, вели Пин Зибел, земјоделски економист во Националната банка на Австралија.
„Доколку големите извозници почнат да ги чуваат житните култури дома, тоа многу ќе ги загрижи купувачите. Тоа би било панично и нерационално, затоа што во основа светот е добро снабден со храна“. 

- Од каде сега да се најдат помошници за жетвата?

Виетнам- третиот најголем светски извозник на ориз, и Казахстан- деветти извозник на пченица, веќе ја ограничија продажбата на храната поради загриженост за домашните залихи. Индија- најголемиот светски извозник на ориз, влезе во целосна изолација која пак веќе запре неколку логистички канали.
Во Русија, здружението на производители на масло за јадење бараат намалување на извозот на сончоглед, а производството на палмино масло во Малезија се намалува.
Земјите-увозници веќе имаат проблеми. Ирак соопшти дека му се потребни еден милион тони пченица и 250 илјади тони ориз за стратешките залихи.
Сето тоа предизвика загриженост кај земјоделските трговци од непотребно нарушување на снабдувањето со храна.

Корона-криза: Хероините на касите

01:19

This browser does not support the video element.

Нема недостаток

Комбинираното светско производство на ориз и пченица- најчесто тргуваните земјоделски култури- беше проектирано на рекордни 1,26 милијарди тони годинава, според Агенцијата за земјоделство на САД. Тоа производство далеку ја надминува потрошувачката на овие култури, и ќе доведе до полнење на амбарите на рекордни 469 милиони тони, прогнозира Агенцијата. Но, овие проекции се правени со претпоставка за нормален проток на културите, од местото на производството до консументите.
Цените на оризот веќе растат поради очекувањата да се ограничи транспортот.

„Тоа е логистичко прашање. Виетнам го сопре извозот, Индија е во изолација, а Тајланд може да прогласи слични мерки“, вели трговец со ориз од Сингапур.

Цената на тон ориз во Тајланд се искачи на највисоко ниво од август 2013, на 492 долари за тон. Тоа е се уште далеку од 1,000 долари за тон колку што достигна за време на финансиската криза во 2008 година. 

„Веројатно нема да има повторување на 2008. Прво, светот има доволно резерви, особено во Индија каде залихите се големи“, вели трговецот од Сингапур. Резервите на ориз се очекува да надминат 180 милиони тони годинава, што е зголемување од 28% во однос на 2015-2016 година. Но тие залихи не се еднакво распоредени, затоа што само Кина и Индија имаат 153 милиони тони во резерва.

Тоа значи дека големи увозници на ориз во остатокот од светот, особено во Азија и Африка ќе имаат проблеми доколку транспортот на културите продолжи со проблеми.
Повеќето увозници на пченица во Азија, меѓу нив и вториот најголем увозник во светот- Индонезија, имаат резерви до јуни.
„Засега нема увозници на пченица кои брзаат да ги зголемат залихите над вообичаените потреби“, вели трговец со пченица од Сингапур. Но, на берзите веќе растат цените на акциите за следната жетва на пченица.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми