Храна од печатач: Нема веќе готвење?
17 јануари 2017Креација што доаѓа од компјутер и може да се јаде - научниците од Универзитетот Колумбија во Њујорк веруваат дека печатачите во иднина ќе можат да произведат и здрава храна.
Ход Липсон, од Универзитетот Колумбија, за подготвувањето храна со новите техники, вели:
„Некој ќе си рече 'ОК, тоа е навистина лоша идеја, сакам јадењето да си го приготвувам мануелно, на стариот добар начин'. Но, за младите генерации се чини е сосема природно да се готви со софтвер.“
Визијата на научниците е информациите за рецепти и специјални намирници да се шират низ цел свет. Целта е да се прави што е можно поздрав оброк, прилагоден индивидуално, како на пример - за луѓе со алергии. Печатачи за храна веќе има за врвните готвачи, но не сите од нив се воодушевени. Меѓу нив е и Ерве Маливер, од Кулинарскиот центар Њујорк:
„За декорација на убави јадења можеби да, за тоа постои интерес. Но, за сложено пире од костени ли за оброци со месо, тоа едноставно не можам да си го претставам.“
Научниците и готвачите експериментираат веќе цела деценија. Наскоро првите печатачи за храна би требало дури да се појават и на пазарот, но додека тие се најдат во сечија кујна, ќе мине уште некое време.