1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Хрватска во опасност од уште едно одложување на преговорите со ЕУ

30 мај 2005

На Хрватска и се заканува одложување на преговорите за членство во ЕУ, планирани за јуни. Покрај француското одбивање на европскиот устав, кое според многумина ќе се одраѕи на проширувањето на Унијата, на тна одлуката на евродипломатите во Брисел ќе влијае и најновиот иѕвештај на главната хашка обвинителка Карла Дел Понте, што на 13 јуни ќе биде презентиран пред Советѕот ѕа безбедност на ОН.

Долго време и ги мати сметките на Хрватска: избеганиот генерал Анте Готовина
Долго време и ги мати сметките на Хрватска: избеганиот генерал Анте ГотовинаФотографија: AP

,, Загреб и натаму не соработува во потполност со хашкиот суд“ ги пренесоа повикувајќи се на европски дипломатски иѕвори, деталите од иѕвештајот на Дел Понте хрватските медиуми. Тоа автоматски ѕначи дека земјата во јуни нема да може да ги почне преговорите со ЕУ.

Во извештајот на главната хашка обвинителка, чие подготвување е при крај, е констатирано дека хрватските власти не направиле некој значаен напредок во лоцирањето на избеганите генерали.

Европските дипломати, на кои се повикува хрватски ,,Вијесник“, посочуваат дека Унијата ниту во една од своите одлуки не посочила дека соработката со хашкиот суд подраѕбира доведување на генералот Анте Готовина во Хаг, туку се бара веродостоен и конкретен напор да се дојде до него. Главна маана на сите досегашни напори во Хрватска, предупредуваат иѕворите од Брисел, е фактот што спроведувањето на акциониот план ѕа апсење на генералите не даде никакви конкретни реѕултати.

Дел Понте на таа тема во Загреб ќе раѕговара лично со хрватскиот премиер Иво Санадер, и тоа на 3 јуни, истиот ден за кога е најавено дека таа ќе го испрати својот извештај во ОН.

Согласно тоа, на Хрватска и останува само малку време да и даде увервили докази на обвинителката , дека прави се за да го лоцира иѕбеганиот генерал Готовина. Но дури и за тие 10- дена, до 13 јуни, кога Дел Понте лично ќе се обрати пред Советот ѕа беѕбедност на ОН, да се случи некаков пресврт и таа да даде поѕитивно мкислење за хрватската соработка со трибуналот, нема да има доволно време Унијата да постигне согласност околу почетокот на преговорите со Хрватска во јуни.

Сето тоа, како и плановите на Унијата да се сврти кон внатрешно политичките прашања на ЕУ, по оние кои ги отвори француското одбивање на уставот на Унијата, создава неповолно опкружување за почеток на преговорите меѓу Хрватска и Унијата.

Хрватски ,, Вијесник“ објавува и дека минатата недела главниот хрватски обвинител Младен Бајиќ престојувал во Хаг и однел докази дека акцискиот план за апсење и трансфер на обвинетиот генерал Анте Готобвина се оставрува дури и подобро отколку што се очекуваше. Весникот тврди и дека одлуката на Дел Понте за одвојување на списите на Готовина од предметите Маркач и Чермо е нејзина понуда целиот случај да се врати на почеток, или лаички речено, Готовина да има позиција на преговарач а не статус на бегалец во односот кон Трибуналот, што конечно, на Хрватска би можело да и донесе почеток на преговорите со Унијата,.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми