Успехот на хрватската фудбалска репрезентација, преку победата над екипата на Англија во полуфиналниот меч (2:1) да си обезбеди влез во финалето на СП во Русија, ја крена на нозе цела Хрватска. Стотици илјади навивачи низ повеќе градови во земјата до раните утрински часови пееја, вееја знамиња и славеа.