1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Хрватска доби „виза“ за влез во ЕУ

1 декември 2011

Со убедливо мнозинство гласови, пратениците на Европскиот парламент ја прифатија резолуцијата за Договорот за пристапување на Хрватска кон Европската унија и нацрт резолуцијата за хрватската апликација за членство.

Фотографија: dapd

За прифаќање на резолуцијата гласаа 564 пратеници на ЕП, 38 беа против, а 32 пратеници се воздржаа од гласање.

„Ова е добар ден за Хрватска и ЕУ“, нагласи претседателот на ЕП, Јежи Бузек, истакнувајќи дека резултатот на гласањето во парламентот е показател за желбата на ЕУ да ја види Хрватска меѓу членките.

„Од пазарот до истражувањето, од трговијата до транспортот, Хрватска е денес помодерна и поконкуретнтна земја, подготвена да се соочи со предизвиците на иднината, дури и во овие тешки услови на криза“, рече Бузек.

„Можеме да бидеме горди, денеска е убаво да се биде Хрват во ЕП“, изјави претседателот на хрватскиот Сабор Лука Бебиќ кој беше со хрватската делегација во Брисел.

Откако ЕП го прифати Пристапниот договор на Хрватска и ЕУ, Советот на ЕУ на состанокот на 5 декември треба да го потврди влезот на Хрватска во Унијата.

Четири дена подоцна, на 9 декември, е предвидено потпишувањето на договорот, а на самитот на Европскиот совет што почнува тој ден, Хрватска ќе добие статус на набљудувач.

Според утврдениот редослед, Хрватска треба да стане полноправна членка на ЕУ на 1 јули 2013 година.

Во Хрватска пак треба да биде одржан референдум за пристап во ЕУ.

Автор: ЖА/СН/дв/миа

Редактор: Ж.Ацеска

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми