Хрватска – ЕУ
2 септември 2005„Се договоривме, преговорите со Хрватска да започнат во оној момент кога Унијата ќе процени дека Хрватска во целост соработува со Хашкиот трибунал„, нагалси шефот на британската дипломатија Џек Стро.
Запрашан да ја коментира вчерашната изјава на главната хашка обвинителка Карла дел Понте, министерот Стро одговори:
„Не сум слушнал што рекла Дел Понте, но еден ден претходно ми рече дека подготвува проценка на соработаката во која ќе биде земен предвид последниот позитвиен развој на настаните.
Имаме намера да свикаме состанок на работната група за Хрватска во текот на овој месец. Се надеваме дотогаш да го примиме извештајот на Карла дел Понте и оти и таа ќе биде присутна. Сите сакаме преговорите за започнат, а досегашната блокада е проценката на соработката со Хаг, рече Стро.
Евро-комесарот за проширување Оли Рен дополни дека за Хрватска би било најлесно да го уапси Анте Готовина. Тој додаде дека би било доволно ако Хрватска ефикасно ја разбие мрежата на луѓето што го поддржуваат Готовина.