1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Далеку е Брисел

Игор Ласиќ/Симе Недевски23 мај 2014

Хрватските граѓани в недела (25.05) по вторпат за кусо време ќе излезат на изборите за Европскиот парламент. Изгледа дека тие привлекуваат премало внимание кај јавноста,како и домашните циклуси на демократско одлучување

Фотографија: picture-alliance/dpa

Ако се суди според медиумските анкети и анализи, годинешните избори за Европскиот парламент би можеле да привлечат уште помало внимание на јавноста отколку првите избори за парламентот на Европската унија во најмладата членка на Унијата пред неполни 14 месеци. Причини за тоа има повеќе, иако треба да се забележи дека и трендот во останатите членки на Европската унија воопшто не е розов кога станува збор за ова прашање.

Минатогодишната поразителна излезност на европските избори во Хрватска од само 20,8 насто беше толкувана со заситеноста на граѓаните од избори, во кои меѓутоа тие гледаат се‘ помалку од ветените демократска полза и смисол. Расположението денес е уште потмурно, со оглед дека економската криза во земјата се продлабочува, додека Брисел за возврат налага построго фискална дисциплина. Тончи Курсар, политиколог од Факултетот за политички науки во Загреб, смета дека граѓаните и во минатата година биле скептични кон институциите на ЕУ, а во меѓувреме воопшто не започнаа да ги доживуваат како свои.

Лошо време за демократија

„ Притоа на некој начин се потврдува тезата дека самата демократија подобро успева во помали заедници“, вели Курсар, „а самата ЕУ се покажува како експеримент на голем примерок од преку половина милијарда луѓе“. За работите да бидат уште потешки тој експеримент во многу нешта хронично заглавува. Сѐ повпечатлив е јазот меѓу застапените интереси на крупниот капитал и на она што претставува добробит на најшироките слоеви на општеството па и на цели земји од т.н периферија на ЕУ, кои се откажаа од монетарниот суверенитет за љубов на дерегулираниот европски пазар. А тој пак предизвикува сѐ поголем отпор кај народот.

Тончи Курсар, политиколог од Факултетот за политички науки во ЗагребФотографија: Jovica Drobnjak/Novosti

Курсар смета дека на Хрватска така не и‘ оди од рака ниту фактот дека механизмите на демократијата во 21 век не ја артикулираат народната волја друи ни онолку колку што тоа успеваа да го сторат пред речиси два века, во времето на настанокот на граѓанските држави. Притоа во Хрватска не се достигнати ни поквалитетни стандарди на либералната капиталистичка демократија од оние две три децении по Втората светска војна, со околности во прилог на развојот на држава на благосостојба: „Ама не смееме да се залажуваме дека е можно, и не само во врска со тоа, да се вратиме на точка од историјата наназад“.

Факт е дека во меѓувреме многу нешта се променија, многу критичари му забележуваат на Западот дека наместо материјалното производство денеска главно ги преферира сомнителните финнсиски деривати чија внатрешна логика просечниот граѓанин речиси и воопшто не ја разбира. Но од другастрана тој се чувствува изневерен од страна на политичарите кои генерално го узурпираат демократскиот легитимитет, како домашните така и меѓународните политичари. Последица од сето тоа е драстично губење на интересот за избор на претставници во една директно избрана институција на Европската унија, очигледно недоволно уверлива во споредба со низата недемократски центри на вистинската политичка моќ.

„Народот е обесхрабрен“

„Како општетство бевме наивни и премногу инертни“, истакнува за ДВ Мирјана Назор, психолог од Природно-математичкиот факултет во Сплит, говорејќи за очекувањата на граѓаните во пресрет на приклучувањето на Хрватска кон ЕУ. Таа смета дека Хрватите членството го прифатиле како неминовност, на која ни претходно ниту подоцна може да влијаат. „Таквото позиционирање е општетствено ризично и подразбира одрекување од улогата на активен субјект и оти стануваме објект. А сигурно дека во ЕУ секако нема да ни биде подобро ако помалку партиципираме во нејзиниот јавен живот“, вели Назор.

Мирјана Назор, психолог од Природно-математичкиот факултет во СплитФотографија: Privat

Резигнацијата и дефетизмот се логична реакција на изборите за Европскиот парламент, иако треба да се забележи сличното расположение и во контекст на домашните избори- парламентарните или локалните. „Народот е обесхрабрен и му изгледа дека веќе долго не одлучува за ништо а пред сѐ кога станува збор за нешто што му изгледа толку далеку како Брисел. Затоа се јавува став од типот 'нема никаквасмисла да се плеткаме со тоа'“, истакнува Мирјана Назор, ама на крајот заклучува: „Никогаш нема да промениме ништо ако не се оттргнеме од апатијата“. Колку хрватските избирачи во моментов имаат сила за тоа, ќе се дознае претстојниот викенд.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми