1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Хрватска: нема кој да го поддржи премиерот

СН/мм/дс/со/сз4 јуни 2016

Кризата на владата во Хрватска е тема за која опширно пишуваат весниците на германски јазик. Ситуацијата се искомлицира откако лидерот на ХДЗ Карамарко изјави дека премиерот Орешковиќ повеќе не ја ужива нивната доверба.

Фотографија: picture alliance/PIXSELL/P. Macek

Појаснувајќи дека политичката криза во Хрватска кулминирала со тоа што премиерот Тихомир Орешковиќ (насловна фотографија) побара повлекување на Томислав Карамарко (ХДЗ) и на Божо Петров (Мост) од должноста потпретседатели на владата, а оти Карамарко на тоа порача дека премиерот веќе не ја ужива довербата од ХДЗ, австрискиот весник „Дер Стандард“ пишува дека хрватската влада де факто веќе падна. Овој весник додава дека Карамарко укажал на тоа оти на надпартискиот премиер постојано му се префрла дека всушност не поседува политичка моќ.

Кавга која ја оптоварува Хрватска

„Шпигел онлајн“ пишува дека во хрватската влада „веќе со недели постои напнатост: повод за актуелната состојба се обвинувањата за корупција против Карамарко. Божо Петров, претседател на втората коалициска партија Мост и попретседател на владата, побара оставка од Карамарко. Карамарко (ХДЗ), Мост го нарече неспособен и побара оставка од Петров. Во петокот (4.6.) шефот на владата Орешковиќ се вклучи во расправата и побара оставка од двајцата негови заменици. Нивната расправа стана „преголем товар за целата земја“, рече во образложението.“

Томислав КарамаркоФотографија: picture alliance/PIXSELL/J. Galoic

Покрај тоа, објаснува натаму „Шпигел онлајн“, ХДЗ порача дека веќе не сака да соработува со Мост: „Овие две партии од почетокот беа партнери кои всушност не беа еден за друг. Христијанско-конзервативниот ХДЗ, покрај социјалдемократите, е една од двете големи партии во земјата. Ја обвинуваат за корупција, криминална приватизација на старите државни фирми и за грешките направени во економската политика. Наспроти тоа, Мост е неодамна основана и се залага за длабоки реформи на системот кој ХДЗ всушност го репрезентира.“

Владата го продлабочи веќе постоечкиот раздор во хрватското општество

Најопширниот напис за кризата во Хрватска го донесува „Зиддојче цајтунг“, кој својот текст го започнува со реченицата дека во јуни за Хрватска, инаку, започнува најубавото време во годината, бидејќи со првите летни денови стигнуваат туристите и нивните пари. А оваа година изгледа ќе биде поинаку. Дека хрватските политичари помеѓу себе се навредуваат како пријатели на фашисти или како комунисти не е ништо ново. Ново во оваа ситуација е дека идеолошката рововска битка го зафати целото општество и дестици илјади луѓе излегоа на демонстрации. Ако се ориентираме според она како овие два табора самите себе се опишуваат, тогаш едни наспроти други стојат „патриоти“ и „либерали“. Патриотите ги предводи владеачката национално-конзервативна партија ХДЗ и ги поддржува Католичката црква. Отпорот против владата во меѓувреме собира групи кои се инаку малку поврзани: социјалдемократската опозиција, лево-либералните новинари, здружението на наставници, уметници, еврејската заедница, српското малцинство и хрватските Роми. Оваа недела противниците на владата ги мобилизираа луѓето“, пишува „Зиддојче цајтунг“ осврнувајќи се на протестите кои се организирани во знак на поддршката за образовната реформа и против мешањето на власта во таа реформа.

Фотографија: picture-alliance/Zuma Press/M. Lisanin

Се’ уште кавги околу улогата на усташкиот режим

Осврнувајќи се на актуелната напната политичка и внатрекоалициска ситуација во Хрватска, „Зиддојче цајтунг“ пишува оти успехот на Мост на изминатите избори всушност покажа „колку Хрватите се заморени од своите партии, од тие машки сојузи кои и три генерации по крајот на Втората светска војна сѐ уште секој ден се расправаат за тоа дали усташкот режим како марионетска држава на нацистите бил патриотски или фашистички.

„Зиддојче цајтунг“ својот текст го завршува со не толку оптимистички прогнози за Хрватска, наведувајќи дека коалицијата на Мост и ХДЗ всушнот е пропадната и оти ако и Карамарко и Петров го послушаат Орешковиќ и заминат од функциите, останува нејасно дали премиерот ќе ја спаси владеачката коалиција.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми