1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Хрватска реагира на пресудите за вуковарската тројка

28 септември 2007

*

Хрватските власти ги оценија како срамни пресудите на хашкиот трибунал во случајот против т.н. вуковарска тројка. Премиерот Иво Санадер изјави дека ќе упати протетстна нота до советото за безбедност за неправедните пресуди. Претседателот Стипе Месиќ изрази надеж дека обвинителството во Хаг ќе поднесе жалба, која ќе биде уважена. Поранешните српски офицери, Миле Мркшиќ и Веселин Шљиванчанин заработија затворски казни во времетраење од 20, односно 5 години за соучество при убиство и мачење на околу 200 хрватски заробеници во Вуковар во 1991 година. Третообвинетиот Мирослав Радиќ е ослободен од обвинението.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми