1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Хрватска сигурно во ЕУ во 2009

17 март 2007

Во Брисел се одржува Европски бизнис самит на кој учествуваат две ипол илјади претставници од стопанството од цела Европа. Се претстави и Хрватска како 28 членка на Европската унија и како да се инвестира во оваа земја. За тоа во интервју за Дојче веле премиерот Иво Санадер:

„Најнапред пораката дека Хрватска сигурно ќе биде 28 членка на Европската унија и тоа во блиска иднина. Се надеваме во 2009 година.Зошто 2009? Зашто веруваме дека преговорите со Европската нија можат да завршат до крајот на идната година. Тоа ќе се совпадне и со напорите на Унијата да ги заврши конституционалните и институционалните реформи. Веднаш да кажам дека она што го прави канцеларката Ангела Меркел како претседавач на унијата е добра работа за Европа, но и за Хрватска„.

Зборувајќи за тоа што е потребно во земјата да влезат повеќе странски инвестиции, Санадер истакна:

„Познато е дека напредуваме со реформата на судството. На тој план е многу направено и затоа на инвеститорите што ги каниме им порачуваме да разговарат со нивните колеги што се веќе во Хрватска: од Сименс, од Ериксон и од многу други европски фирми од Германија, Австрија, Швајцарија, Франција или до скандинавските земји„.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми