1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Хрватска сѐ уште не ги одбегна санкциите

АШ (дв)/ АТ/ ФАЦ/ СЦ/ НЦЦ29 август 2013

Попуштањето на хрватскиот премиер Милановиќ во спорот со ЕУ е тема во повеќе германски медиуми. Се нагласува дека е тоа позитивен чекор, но дека сѐ уште не е избегната опасноста од санкции.

Фотографија: Reuters

„Франкфуртер алгемајне цајтнг“ ја пренесува најавата на хрватскиот министер за правосудство Орсат Милјениќ дека ќе се преземат „нужните мерки“ за спорниот закон за правосудска соработка со другите членки на ЕУ да биде усогласен со прифатеното Аки комуните. „Комисијата тоа писмо го означува како 'конструктивен почеток', но даде до знаење дека и понатаму против новата членка на ЕУ подготвува санкции. Една портпаролка рече дека се поздравува тоа што хрватската влада 'ги разјасни' своите намери и нагласи дека премиерот Зоран Милановиќ и лично му гарантираше на претседателот на Комисијата Барозо спроведување на содржината на писмото“.

„ФАЦ“ понатаму наведува дека според зборовите на портпаролката на комесарката Рединг, санкциите би можеле да бидат воведени уште „првите денови од септември“ ако „Хрватска не го преземе во целост законот на ЕУ за налогот за апсење“. Весникот во текстот понатаму донесува информации за законот во Хрватска така наречениот „Лекс Перковиќ“ го штити „не само поранешното официјално лице на тајната служба против кого во Германија е подигнато обвинение за убиство. Меѓу 1960 и 1989 година југословенската тајна служба Удба во странство ликвидирала 65 хрватски емигранти. Згора на тоа имало 20 обиди за убиства и четири киднапирања. Титовите убијци посебно активни биле во седумдесетите и осумдесетите години во Германија, каде се убиени 22 хрватски емигранти. Ниту за едно од тие злосторства во Хрватска досега не е водена судска постапка“.

Јосип ПерковиќФотографија: DW

Притисок на сведоците

2008 година Бернд фон Хајнчел Хајнег, врховниот судија во Покраинскиот баварски суд во Минхен го обвини тогашниот хрватски претседател Стјепан Месиќ дека се мешал во судската постапка за убиството на хрватскиот дисидент Стјепан Ѓурековиќ, за кое се товари Перковиќ. Тој наводно вршел притисок на двајца сведоци кои живеат во Хрватска. Месиќ го негираше ова обвинување. Бројни поранешни агенти на Удба се примени во независна Хрватска во безбедносните и тајните служби. Комунистички злосторства и натаму се негираат, релативираат или се оправдуваат како „антифашистички“, напоменува „ФАЦ“.

Фотографија: picture-alliance/dpa

Минхенски „Зиддојче цајтунг“ се обидува да ги разјасни причините за несогласувањата меѓу Брисел и Загреб. „Тао што Загреб ја држи својата заштитничка рака над Перковиќ се објаснува пред сѐ со тоа тоа што бившиот таен агент се смета дека е есктремно добро вмрежен - и дека тој располага со полно материјали, кои би ја компромитирале хрватската политичка елита.

Во Брисел велат дека писмото на министерот Милјениќ на две страници не било посебно конкретно. Тој премолчил меѓу останатото за тоа до кога така нареченикот Лекс Перковиќ би требало да биде променет. Сепак една портпаролка хрватското писмо го означи како 'позитивен чекор', но по кој мораат да следат дела на владата во Загреб“, потсетува „Зиддојче цајтунг“.

И швајцарскиот „Ноје цирхер цајтунг“ на своите читатели им го појаснува спорот меѓу Хрватска и ЕУ околу израчување на лица осомничени за казнени дела наведувајќи дека на хрватската влада би морало да и биде јасно дека ЕУ „никогаш нема да прифати еднострана и дополнителана промена на правилата на игра, околу кои претходно во пристапните преговори е постигната согласност без видливи разлики во гледиштата особено не во така чувствителна област каква што е правосудството. Факт е дека аферата ѝ штети на веродостојноста на Хрватска. Се добива впечаток дека Хрватска не се придржува до договорите и им овозможува на сторители на казнени дела да минат неказнето“, пишува „Ноје цирхер цајтунг“.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми