1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Хрватска успешно ги заврши преговорите со ЕУ

1 јули 2011

Земјата ги исполни условите за приклучување кон ЕУ и ќе стане официјална членка на Унијата на 1. јули 2013 година.

Јадранка Косор и Херман Ван РомпојФотографија: dapd

Хрватска ќе биде 28. земја членка на ЕУ. Вчера (30.06.), на последниот ден на унгарското претседателство со ЕУ, во Брисел се затворени последните четири поглавја на пристапните преговори, со што се отвори патот за членство, на 1. јули 2013 година. Шефот на унгарската дипломатија Јанош Мартоњи изрази надеж дека пристапниот договор ќе биде потпишан до крајот на полското претседателство со Унијата. „Во дваесетте години независност, Хрватска драстично се промени. Направи импресивен напредок кон исполнувањето на критериумите за членство во ЕУ. Тоа денеска е наградено“, изјави еврокомесарот задолжен за проширување на Унијата, Штефан Филе.

Автор: ЕМФ/ ТТ /макфакс

Редактор:Александра Трајковска

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми