1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Хрватските власти ја упропастуваат железницата

Игор Ласиќ / Александар Методијев26 септември 2014

Несигурни, бавни и скапи - хрватските возови станаа такви по долгогодишното кадровско и развојно запоставување, со крајна намера приватизација на секторот - нешто од што се повлекоа развиените земји-членки на ЕУ.

Kroatien Hauptbahnhof in Zagreb
Фотографија: DW/I. Lasic

„Хрватски железници“ во овој месец одново станаа многу актуелни, но на начин на кој никој добронамерен не би посакал. Прво, дојде до излегување од шините на возот во Рудина, крај Каштела, овојпат за среќа без човечки жртви. Најавено е и укинување на ноќната линија меѓу Загреб и Сплит, а потоа нова серија на откази за работниците во „Хрватски железници“.

Во меѓувреме до јавноста допре расправијата меѓу машиновозачите и еден од одделите задолжен за инфраструктурата. На крајот е објавено дека компанијата спаѓа меѓу најголемите овогодишни загубари во Република Хрватска.

Сјајот од минатите времиња - главната железничка станица во ЗагребФотографија: DW/I. Lasic

Впечатокот е дека никаде не е поставено прашањето за клучните причини за поразителната состојба. Во „Хрватски железници“ не се вложени поголеми стратешки инвестиции, ниту е преземен пообемен зафат, уште од крајот на осумдесетите години на 20-от век. А, во најголем дел од тој период управата се менуваше речиси секоја година.

Скапиот интерес на менаџерите и приватниците

„Железничарите се прогласуваат за неуспешни, иако проблемот доаѓа од друг правец“, нагласува Катарина Миндум, заменик-претседател на Синдикатот на железничарите во Хрватска. „Треба да се види како политичките вести секогаш одново ги менуваат целите наши менаџерски сетови и што се случува потоа. Ни доаѓаат во комплет, налик на прибор за јадење, и не чинат како да се од сребро. На пример, им плаќаме осигурување од штетни одлуки“, објаснува Миндум.

Организациски хаос во железницатаФотографија: DW/I. Lasic

Благодарение на двојните договори - менаџерскиот и тој за работа, тие се единствените кои не се грижат дали ќе останат без работа и дали ако бидат сменети би биле прераспределени на некоја споредна функција.

Нашата соговорничка се сомнева дека таквото државно управување со „Хрватски железници“ е наведувано исклучиво од поединечни кариеристички и профитни интереси, сметајќи ги притоа и субјектите кои посакуваат што поголема приватизација на компанијата - и тоа од банките до претприемачите, кои би можеле да изнајмат две локомотиви на лизинг и да влезат на пазарот со карго-транспорт.

Се’ почна со писмото од Светската банка во 2005 година и барањето Хрватска да ја либерализира железницата, а потоа продолжи со дополнителна нота од таа установа заедно со Меѓународната банка за обнова и развој.

Возови побавни од камион

Економскиот аналитичар Густе Сантини забележува дека властите сакаат брз профит и затоа сега сакаат да ги продадат „Хрватски железници“.

„Намената на инфраструктурата мора да биде поврзување поради развој, а ние не знаеме што имаме во рацете. Железницата мора да биде поврзана со земјите од регионот, но таа не е ни со самата себеси. Се плашам дека ќе ги упропастат до крај“, вели Сантини за Дојче веле. На крај не потсети на големите најави на актуелните власти од СДП и ХНС - пред и по изборите, за целосна модернизација на комерцијално перспективната пруга Риека-Загреб-Ботово кон Будимпешта. Денес на таа тема сите едноставно молчат, а возовите таму и натаму се влечат со брзина на претоварени камиони.

Густе СантиниФотографија: Igor Lasic
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми