1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Хрватските деликатеси во фокусот на „Зелената недела“

Карл Харенброк | СН/агенции
17 јануари 2020

Во Берлин денеска започна најважниот светски саем за земјоделство и исхрана. Земја-партнер на „Зелената недела“ годинава е Хрватска. На саемот годинава на посебен штанд ќе бидат претставени и македонските вина.

Berlin | Grüne Woche - Partnerland Kroatien
Фотографија: DW/N. Kreizer

Повеќе од 1.800 излагачи од 72 земји - тоа значи дека Меѓународната зелена недела, најважниот светски саем за земјоделство и храна, ќе продолжи да поставува рекорди во 2020 година. За време на викендот, министрите за земјоделство и повеќе од 2.000 други врвни претставници од политика, бизнис и наука од 70 земји доаѓаат на конференција за земјоделска политика, „Глобален форум за храна и земјоделство“. Не без причина „Зелената недела“ се нарекува и „Давос на земјоделството“.

На годинешната „Зелена недела“, македонското министерство за земјоделство на посебен штанд ги претставува македонските вина. Земја-партнер на „Зелената недела“ пак годинава е Хрватска. Тоа е шанса таа да ја претстави својата прехранбена индустрија пред широка публика. Климата на северот на земјата одговара за одгледување пченица и други житни култури. И топлото јадранско крајбрежје е познато по неговото вино, мандарините и портокалите.

Сирење од Паг

Околу 100 овци на островот Паг му припаѓаат на семејството Шимуниќ. Но земјоделството не е единствениот извор на приход. Како и другите семејства, Шимуниќ работат со туризам во текот на летото. Тоа е така затоа што одгледувањето овци е многу интензивна, честопати тешка работа.

Можете да заработите добри пари од тоа, но проблемот е што младите луѓе не сакаат повеќе да се занимаваат со тоа, вели Анте Шимуниќ.

Фотографија: dpa

Овците на Паг се уникатна раса која живее само на овој хрватски остров. Овците на островот се многу издржливи, а всушност и мораат да бидат: тука често има навистина малку храна.

Повеќе:

-Традиционална храна и локални производи

-Германците и културата на брза храна

-Колку трошат Германците за храна?

Млекарницата на Паг е изградена со помош од Европската унија, во која Хрватска членува од 2013 година. Семејниот бизнис користи овчо млеко за да го направи хрватскиот деликатес. Еден килограм од ова сирење чини до 70 евра.

Како и многу други хрватски производители на храна, компанијата се фокусира на домашни производи кои сѐ повеќе се извезуваат. „Ние направивме интернет-продавница што ја користиме за да се обидеме да се доближиме до западните европски земји. Нашиот бизнис на интернет е една од компонентите на кои работиме“, вели Тони Херденда од маркетинг одделението на млекарницата.

Мандарини, портокали...

Хрватското земјоделство е разновидно поради многу различните видови клима низ целата земја. Мандарините и портокалите растат во делтата на Неретва и се берат во текот на зимските месеци. Приносите оваа сезона беа лоши, затоа што имаше премногу дожд.

Поголемиот дел од плантажите ѝ припаѓаат на државата - што е извор на многу поплаки од земјоделците, затоа што владата ги спречува да станат сопственици на земјиште. Тоа ја отежнува инвестицијата, и многу млади решија да заминат, вели Желјко Бијелиќ. Тој основаше иницијатива која се залага за приватизација на насадите од портокал.

Фотографија: DW/N. Kreizer

Ние водиме кампања поседувачите на парцелите да бидат запишани во земјишниот регистар како сопственици, за да можат конечно да се пријават директно во Европска унија за субвенции, вели Бијелиќ. Многу сопственици на портокалови насади мораат да работат со основни средства - оваа просторија е всушност гаража, и работниците работат без модерни постројки за флаширање. 27-годишниот Иван Јелчиќ се надева дека наскоро ќе изгради голема фабрика за флаширање.Луѓето остануваат сами да ги борат своите битки во оваа индустрија. Соседите со насади не даваат ништо. Луѓето работат едни против други и се поткопуваат едни со други со дампинг цени, вели Јелчиќ.

На хрватското земјоделство не му е лесно на европскиот пазар. На малите фирми често им недостасува капитал и експертиза за да се натпреваруваат на меѓународно ниво.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми