1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Хрватските националисти бараат уставни промени

АТ/ дпа/ бета16 декември 2013

Покрај масовниот отпор на владата и опозицијата, националистите во Хрватска бараат уставни промени за употребата на јазиците на малцинствата во администрацијата. Камен на сопнување е употребата на кирилицата во Вуковар.

Фотографија: picture alliance/PIXSELL

Претставници на „Штабот за одбрана на Вуковар“ денеска на претседателот на хрватскиот Сабор Јосип Леки му предадоа повеќе од 632.000, а според некои новински агенции 690.000 потписи, како подршка за распишување на т.н. референдум против кирилицата. Според актуелните закони доволни се 450.000 потписи за парламентот да мора да распише референдум.

Претходно околу 300 приврзаници на „Штабот за одбрана на Вуковар“ се собраа на главниот плоштад во Загреб, Бан Јелашиќ, од каде во поворка тргнаа кон Саборот. Тие скандираа „Вуковар, Вуковар“ и „Хрватска, Хрватска“, а меѓу транспарентите се истакнуваше „Народот одлучува“ и „Да сакавте да ги слушнете жртвите од војната, не би имало референдум“. На симпатизерите на „Штабот“ им се придружил и хрватскиот фубалски тренер Мирослав Блажевиќ.

Целта на референдум, што го бараат националистите, би била на српското малцинство практично да му се забрани употребата на својот јазик во администрацијата.

Со денешното предавање на потписите почна процедурата за распишување референдум за промена на уставниот закон за малцински права, со кој наместо една третина, двојазичност би се воведувала во локалните заедници во кои малцинството чини 50 отсто од населението. На тој начин би се оневозможила кирилицата во Вуковар, што и беше повод за собирање на потписите. Имено според важешките закони хрватските власти мораат да работат секаде двојачично, каде што Србите сочинуваат најмалку една третина од вкупното население.

Социјалдемократската влада чини напори уште пред крајот на годинава да направи промени во уставот, за да се оневозможат референдуми за основните и правата на малцинствата. Премиерот на Хрватска Зоран Милановиќ од порано порача дека неговата влада на левиот центар со сите правни средства ќе се спротивстави на можно одржување референдум за правата на националните малцинства и дека таков рефереднум, без оглед на собраните потписи, нема да помине додека тој е претседател на владата.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми