Овој ден се смета за најтежок празник во христијанската религија, зашто на тој ден е распнат Исус Христос.
Реклама
Христијаните денеска го одбележуваат Велики Петок, кој освен Велипеток уште се вика и Распет петок, зашто на тој ден е распнат Исус Христос. За православните христијани денеска е денот на најстрогиот пост. На овој ден во сите храмови ќе се изнесе на поколение плаштеницата (покровот) што го симболизира симнувањето од крстот на телото Господово.
Поради тоа овој ден се смета за најтежок празник во христијанската религија. Велики петок, наспроти вообичаеното одбележување на верските празници со свети литургии и принесување на таканаречената бескрвна жртва, се празнува со читање извадоци од евангелијата од делот кој ја опишува неделата на страдањата на Синот божји. Според преданието, Христос починал на крст во „шестиот час на денот, а завесата на ерусалимскиот храм во истиот тој час се преполовила, сонцето се замрачило, мртвите станувале од гробови, а сите ѕвона се распукале". Оттогаш, на Велики петок бијат дрвени ѕвона/клепала, а камбаните не ѕвонат до недела, кога првпат ќе ја огласатрадоста на Христовото воскресение.
За време на вечерната богослужба платното се извезува од олтарот и се врши посебно богослужение, наречено Христово опевување. Песнопенијата се посветени на страдањата и смртта Христови. Во петокот никој не се осврнува на каква и да е работа.
Православниот канон за Велики петок предвидува строг пост со вода, а многу верници на тој ден не пијат, ниту јадат до зајдисонце. За овој ден Црквата пропишува најстрог пост, денот да помине без јадење и пиење (освен за немоќните и престарените), во знак на таговно сеќавање на настаните од она време. Покрај постот, на денот на христијанската жалост не се работи по дома, ниту на поле.
На Велики петок, учи христијанството, треба да им се помогне на оние кои имаат потреба од помош, да се посети и негува болниот, а изгубениот да се упати на правиот пат. Воскресението на Исус Христос ги соединува светот и рајот, а рајот постои во луѓето по покаението, давајќи надеж дека живеењето во покајание не е залудно живеење.
Велигденски обичаи
Велигден е најважниот празник на христијанските цркви. Најпознатите велигденски симболи и обичаи меѓутоа само делумно имаат религиозна заднина.
Религија и народни обичаи
Велигден е најважниот празник на христијанските цркви. Најпознатите велигденски симболи и обичаи меѓутоа само делумно имаат религиозна заднина. Велигденските јајца, велигденските зајачиња и велигденското јагне со столетија се одомаќинија како народни обичаи и се претопија со паганските обичаи. Дека Велигден е празник на воскреснувањето на Исус Христос, знаат се’ помалку Германци.
Фотографија: st-fotograf - Fotolia.com
На Велики четврток
католичката црква потсетува на Тајната вечера, која Исус ја прославил со своите следбеници. Тука го скршил лебот и со сите пиел од една чаша. Ритуалот прерасна во централна христијанска прослава при богослужбите и е многупати овековечен во уметничките дела и црковните песни.
Фотографија: imago stock&people
Велики петок
потсетува на смртта на Христос. На некои места во таа чест се одржуваат процесии кои го претставуваат патот на страдањето на Исус. Велики петок во католичката црква е ден на голема жалост. Тој е ден од велигденските празнувања, кои траат до ноќта на Велигден. Религиозната традиција, во петок да не се јаде месо, се поврзува со Велики петок.
Фотографија: picture-alliance/dpa
Велигденски јајца
Нема Велигден без шарени јајца. Според традицијата, родителите ги скриваат јајцата во недела на Велигден, за децата да ги бараат. За христијаните јајцето е симбол на воскреснувањето. За време на постите уште од средниот век било забрането јадење на месо и јајца. За да не пропаднат, јајцата се вареле, се кителе и честопати се подарувале.
Фотографија: Fotolia/anoli
Велигденско зајаче
Биолошки нема смисла зајак да носи велигденски јајца. Но тоа одговара на годишното време и се смета за предвесник на пролетта. Освен тоа, поради многубројниот подмладок, тој е стар симбол за плодноста. Во минатите столетија исто така и кокошките и штрковите носеа голем број подароци. Денес нив ги носи само зајачето: пред се’ шарени јајца, и спротивно на порано, многу слатки.
Фотографија: picture-alliance/ZB
Велигденско јагне
Велигденското јагне се поврзува со еврејски ритуал, на празникот Пасха се коле јагне. Обичајот потсетува на отселувањето на израелските племиња од Египет. Нивните врати ги одбележуваа со крв од јагниња, за заштита од смрт. Во христијанството јагнето е симбол за невиното страдање на Исус. Но, кога станува збор за велигденкото јагне како колач, оваа приказна речиси и да не е присутна.
Фотографија: Fotolia/Thomas Geuking
Велигденска свеќа
Првично велигденската свеќа ја осветлуваше богослужбата на велигденската ноќ. Нејзината светлина е симбол за просветлување на верниците со враќањето на Христос во живот. Таа ја симболизира победата на Исус над смртта и умирањето. Со велигденската свеќа се палеа сите други свеќи. На тој начин просветлувањето симболично се предава.
Фотографија: AFP/Getty Images
Велигденски оган
Обичајот за велигденски оган го знаеа уште старите Германи. Оганот што пламти требаше да ја истера зимата со нејзините одрекувања, но и духовите и демоните. Освен ова сјајот на огнот требаше да донесе среќа. Денес огнот го палат семејствата и селските заедници во внатрешноста, за заеднички да го прослават Велигден.
Фотографија: picture-alliance/dpa
Велигденски ѕвона
В недела на Велигден црковните ѕвона ја објавуваат радосната вест за воскреснувањето. Во католичките цркви тие престанаа на бијат на Велики четврток. Во некои католички региони тогаш децата ѕвечкаат и тропаат по улиците и ги потсетуваат верниците на молитва и одење в црква.
Фотографија: picture-alliance/dpa
Велигденска вода
Некои обичаи - како земање велигденска вода - се речиси изумрени. Ноќта пред неделата на Велигден млади жени црпат вода од река. Велигденската вода се смета за симбол на животот. Таа треба да ги одржува луѓето млади и убави и ја поттикнува плодноста, ако се молчи по патот, на идење и на враќање. Кај словенското малцинство Сорби во источна Германија овој обичај се’ уште постои.
Фотографија: picture-alliance/dpa
Кршење со јајца
Победува оној кај кого јајцето останува цело. Кршење со велигденски јајца е омилена игра при појадокот на Велигден, во различни региони на Германија. Пред се’ во Баварија и Рајнската област. Обичај без никаква религиозна поврзаност и заднина.
Фотографија: picture-alliance/dpa
Велигденска прошетка
Она што денес се смета за освежување по велигденското јадење, има традиционална заднина. При велигденската прошетка се поздравува пролетта и расцветаната природа, по долгата и студена зима. Поетот Гете ја има овековечено во една позната песна. Денес на традиционална велигденска прошетка канат пред се’ црковните заедници.
Фотографија: picture-alliance/dpa
Велигденски маршеви
Првиот велигденски марш во Германија се одржа во 1960 година. Оттогаш тие се традиција овде. Првично учесниците протестираа против планираното вооружување на Бундесверот со атомско оружје и воопшто атомското вооружување во периодот на Студената војна. Денес во демонстрационите поворки се здружуваат различни мировни групи и заштитници на природата.