Христијан Мицкоски оперирал масно ткиво на вратот
11 ноември 2021Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва објави фотографија од болнички кревет опкружен со неколку медицински лица и информираше дека му била извршена лесна хируршка интервенција. Според информации од Државната клиника, на Мицкоски му било отстрането масно ткиво од вратот. На фотографијата која тој ја постирал може да се види фластер на десната страна од вратот.
Мицкоски во постот на Фејсбук им се заблагодари на лекарите и порача дека се чувствува добро.
Неговата партија ВМРО-ДПМНЕ денеска во Собранието иницираше гласање за доверба на владата на Зоран Заев. Во попладневните часови и Мицкоски беше во Собранието од каде даде и изјава за медиумите.
Во својот пост, Мицкоски целата ситуација ја окарактеризира како „динамичен ден“.
„Киднапиран пратеник, криминал, уцени, срам, и нормално најголемата желба на СДСМ-ДУИ да ме немало во политиката... после 45 минути лесна хируршка интервенција, се чувствувам одлично,“ напиша тој на својот Фејсбук профил.