1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЦДУ ангажира експерти а СПД го има само Шредер

31 август 2005

Односот на водечките германски партии од власта и опозицијата во кампањата пред вонредните избори на 18 септември , е централната тема во коментарите во денешниот германски дневен печат. Коментаторите се занимаваат и со последиците од ураганот Катрина.

Единствениот адут за победа на СПД
Единствениот адут за победа на СПДФотографија: DW-TV

Весникот Тагесшпигел се осврнува на денешниот вонреден конгрес во Берлин на владејачката Социјалдемократска Партија . Весникот кој излегува во германската метропола меѓутоа не гледа оптимистично на шансите на партијата на канцеларот Шредер да стори нешто повеќе воочи изборниот пораз:

„ Претстојните парламентарни избори , закажани за 18 септември секако е главната тема на конгресот на Социјалдемократите. Но денеска Конгресот дефинитивно ќе им се заблагодари и на своите министри кои беа во владата за време на црвено-зелената коалиција, и тоа пред се поради храброста во спроведувањето на болните реформи во земјата.

И потоа времето на црвено-селената коалиција ќе биде турнато настрана , бидејќи канцеларот според сите изгледи во иднина ќе се вика Анѓела Меркел “- ироничен е коментаторот во весникот Тагесшпигел.

На истата тема весникот Ное Пресе од Хановер забележува дека на Социјалдемократите во изборната борба им недостасува иницијатива и свежина:

„Христијанско-демократската Унија , во своите редови доведе врвни експерти , како на пример финансискиот стручњак Кирхов или пак Фон Пирер , поранешниот шеф на Сименс, сето во обидот да отвори нови дебати на тема : даночниот систем за во иднина и подршка на германската економија.

Овие двајца несомнено , ќе го донесат оној неопходен исчекор во врелата завршна фаза на предизборната кампања. Што се однесува пак од другастрана на СПД? Таа го има Герхард Шредер , и повторно Шредер и на крајот Шредер. А зад Шредер , нема ништо , освен партија која се бара самата себеси“-забележува коментаторот на Ное Пресе , весникот кој излегува во родниот град на германскиот канцелар.

Голем дел од коментаторите во германските весници се осврнуваат и на последиците од ураганот Катрина во неколку сојузни држави на југот од САД. Тие најчесто во фокусот ја имаат и негрижата на човекот за сопствената околина. Во тој правец е и коментарот во весникот Рајн Цајтунг од Кобленц.

Во него читаме:

„ До кога беспомошно ќе гледаме слики од природата која дивее и го разнесува се она што луѓето со децении го создавале. Со настапувањето на индустриската ера и пренаселеноста уште во 19-иот век настапи период во кој беше доминантно искористувањето на земјата и нејзините богатства . Но сега може да се каже и тоа во глобален смисол дека во тоа се претера и оти земјата едноставно е истрошена .

И значи уште колку долго ќе чекаме , длабоко да се размили за односот кон природата и да се тргне во друга насока?“- прашува коментаторот во весникот Рајн Цајтунг од Кобленц .

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми