1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЦДУ во потрага по нов почеток

14 октомври 2021

„Брутално отворено“ и брзо, вака партијата на канцеларката Меркел планира да ја совлада својата длабока криза по изборите за Бундестагот. Пат со многу неизвесности.

Nach der Bundestagswahl - Wahlplakat vom Armin Laschet
Фотографија: picture alliance/dpa

Конференција на претседателите на окружните организации на Христијанско демократската унија треба да се погрижи за внесување смирување во ситуацијата. Притиснато од  тежината на актуелната криза,  партиското раководство се обраќа до тело кое ретко играло некаква улога. Претседателите на 326 окружни сојузи на ЦДУ на 30 октомври треба да решаваат околу натамошниот курс на партијата на сеуште актуелната канцеларка Ангела Меркел. Наскоро потоа ќе се избираат носители на водечките партиски позиции, на сите.

По изборите за Бундестагот на крајот на септември, кога ЦДУ го оствари најлошиот резултат во својата историја, расположението во партијата ескалира. Многумина за резултатот вина гледаат кај партискиот шеф и канцеларски кандидат, Армин Лашет. Но, многумина насетуваат дека не е само до него. Во меѓувреме рејтингот на сестринските партии во Унијата,  ЦДУ и баварската ЦСУ,  паѓа уште повеќе отколку на денот на изборите, а тие си ја префрлуваат вината за мизеријата една на друга.

Опаѓа бројот на членови

Уште во 2020 година бројот на партиското членство падна под 400.000, само пред десет години беше 500.000. Партијата веќе не расте, умираат многу повеќе членови отколку што надоаѓа младо  членство, народната партија еродира.

Во прашање е крупна криза, како онаа која СПД, втората германска народна партија, ја помина пред десет години и сега, на сопствено чудење, речиси ја заборави.

Омиленоста на Армин Лашет е на катастрофално ниво. Кога деновиве свика прес-конференција, многумина  очекуваа негова оставка.  Наместо тоа, тој најави дека не се држи грчевито на кандидатурата, не мора да биде канцелар, и најави анализирање на резултатите во сојузното раководство на ЦДУ.

Нови избори за сите функции

Што ќе следува, појасни генералниот секретар Паул Цимиак по повеќечасовната седница:

-На 30.10. ќе се одржи конференција со претседателите на окружните партиски сојузи на ЦДУ околу ситуацијата во партијата.

-Кратко потоа сојузното претседателство ќе решава за одржување сојузен конгрес, кој по можност би бил организиран уште годинава.

-На овој партиски конгрес ќе се врши нов избор за носители на сите функции: партиски шеф, генерален секретар, претседателство и сојузно партиско претседателство.

Вонреден избор за сиве овие функции е уникум. Две работи паднаа во очи кога генералниот секретар Цимиак ја објаснуваше процедурата: „Сѐ што се случило во изборната борба мора да се најде на маса, и тоа со целосна јавност и со брутална отвореност“. Вториот пункт е неговото нагласување дека работите треба да се разјаснат по можност до крајот на годинава.

Времето притиска

Итноста произлегува од роковникот за одржување на следните  покраински избори  во Германија. До средината на мај претстојат избори во три сојузни покраини: во Сар, во Шлезвиг-Холштајн, во Северна Рајна Вестфалија. Во сите три на чело на покраинските влади е ЦДУ. Победите во Сар и во Северна Рајна Вестфалија во 2017. година на  партијата на Меркел  ѝ влеаја храброст – за разлика од умерените резултатите на сојузните избори истата година. Многу членови критикуваат дека тогаш ветеното расветлување на резултатите никогаш не било вистински спроведено.

Последниот конгрес на ЦДУ се одржа во 2019 година, пред пандемијата на коронавирусФотографија: picture-alliance/dpa/H. Schmidt

Зошто сега конференција на претседателите на окружните сојузи на ЦДУ? На прв поглед се чини како партискиот врв да сака само да добие во време. Зашто, по сите правила, во сите партиски извештаи, ваквите собири од сите изминати 20 години се само бегло споменати. А притоа оваа конференција е невообичаена, таа по големина е само една третина во однос на сојузен партиски конгрес, кој најчесто брои 1001 делегат. Со 326 членови значи се нуди отсликување на партијата слично на партиски конгрес и секако побројно од сојузното партиско раководство.

Базата

Во средината на април, во часовите на препукување околу канцеларската кандидатура меѓу Лашет и шефот на ЦСУ, Маркус Зедер, заменик-претседателот на ЦДУ од покраината Рајнланд Фалц, Кристиан Балдауф побара брзо одржување конференција на претседателите на партиските окружни сојузи, како најважен претставник на „базата“. Нејзино краткорочно свикување не е никаков проблем.

Зборот „база“ веднаш асоцира на изјаснување на членството, што го спроведуваат други партии во Германија, а кон што досега ЦДУ се однесува со скепса. 

Предлогот на Балдауф во април остана премолчен. За канцеларската кандидатура решаваше сојузното раководство на ЦДУ, со еднодушна поддршка за Армин Лашет. Затоа многумина сега очекуваат пресметка на претседателите на окружните сојузи со сегашниот партиски врв, од партискиот лидер до сојузното партиско раководство. 

Малкумина проминентни

Интересен е составот на ова тело. Меѓу 326 претседатели на окружни сојузи има многумина кои не живеат од политика, туку си имаат своја професија. На нивните веб-страници може да се прочита на пример дека се активни во доброволната противпожарна служба или во други локални организации.

Министрите Анегрет Крамп-Каренбауер и Петер Алтмајер отстапија место на помладитеФотографија: Katja Sponholz/dpa/picture alliance

Само малкумина партиски проминентни личности се на чело на окружни сојузи, тоа не се ни Армин Лашет, ни Фридрих Мерц или Норберт Ретген. Но, осум од избраните членови на сојузното партиско раководство на ЦДУ се претседатели на окружни сојузи, тие сигурно ќе се соочат со жестока критика. Уште поголем е бројот на претседатели на окружни сојузи кои беа пратеници во Бундестагот и поради поразот на 26 септември излетаа од Парламентот. Така се создава тензија пред планираната конференција на ЦДУ, тука спаѓаат создавањето табори, фрустрација и гнев. 

Одраз на ваквото расположение е постапката на двајца многу познати партиски членови и сѐуште активни сојузни министри – двајцата од Сар – Анегрет Крамп-Каренбауер и Петер Алтмајер на викендот се откажаа од своите мандати за да отстапат место на помладите. Овие помлади имаат 38 и 42 години.

По најавата за одржување конференција на претседателите на окружните сојузи, паѓа во очи дека се огласија малкумина политичари од инаку толку разногласната ЦДУ. До каде досега спектрумот, покажуваат два прилози.

Крај или почеток?

Мајк Моринг од Тирингија, еден од оние кој како претседател на окружен партиски сојуз припаѓа на сојузното претседателство на ЦДУ, во онлајн ТВ на весникот „Билд“ зборуваше за „нов почеток“ кој сега е придружен со јасен план, дека мора „да се стави крај на персоналните дебати".  

Норберт Ретген напротив зборуваше за процес „кој е предуслов за персонална преродба“. Притоа партијата мора паралелно да започне со решавање на најважната задача: „Кои сакаме да бидеме ние во 21 век?“

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми