1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЦДУ застана зад Армин Лашет, како ќе реагира Зедер?

ЖА
20 април 2021

Финале во борбата околу канцеларската кандидатура во Унијата: Претседателството на ЦДУ уште еднаш се определи за партискиот шеф Армин Лашет. Како ќе реагира конкурентот од ЦСУ, Маркус Зедер?

Deutschland Berlin | Armin Laschet CDU Kanzlerkandidat
Фотографија: Marksu Schreiber/AFP/Getty Images

Претседателството на ЦДУ ноќеска, по неколкучасовни советувања, на вонредната седница со тајно гласање се изјасни партискиот лидер Армин Лашет да биде кандидат за канцелар на Унијата на изборите за Бундестагот. За Лашет гласале 31 член на гремиумот (77,5 проценти), а за Зедер – 9. Шестмина членови на Претседателството биле воздржани.

На почетокот на состанокот Лашет ја повторил својата аспирација за канцеларска кандидатура: „Станува збор за избор на најдобрите одговори на надоаѓачките предизвици, спремен сум да ја преземам кандидатурата“, изјавил 61-годишниот покраински премиер на Северна Рајна Вестфалија. 

Повеќе:

Лашет или Зедер– кој ќе ги предводи ЦДУ и ЦСУ во изборната кампања?

Со Лашет, ЦДУ останува на „курсот на Меркел“

Контрахентот на Лашет, баварскиот премиер и лидер на ЦСУ, Маркус Зедер најави дека за темата ќе се изјасни напладне, од партиската централа на Христијанско социјалната унија. Претходно Зедер одлуката за канцеларската кандидатура на Унијата ја препушти во рацете на ЦДУ. „Ние од ЦСУ и јас лично ќе прифатиме секаква одлука“, истакна Зедер. Останува меѓутоа отворено прашањето дали и како ќе реагира базата на ЦДУ, каде постои се поголемо разногласие. Во анкетите на јавното мислење популарноста на Маркус Зедер како канцеларски кандидат е значително поголема од онаа на Армин Лашет и нему му се припишуваат поголеми шанси за победа на изборите за Бундестагот на 26 септември.  

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми