1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЦДУ ја засилува позицијата на Ритгерс

6 март 2005

Единаесет недели пред покраинските избори во Севрна Рајна Вестфалија, христијано демократите му изразија доверба на кандидатот Јирген Ритгерс.

Јирген Ритгерс
Јирген РитгерсФотографија: dw-tv

На вчерашната седница на паријата во Бохум, со 95,6 проценти од гласовите Ритгерс е избран за покраински претсетдал на ЦДУ за наредните две години. Тој на седницата на партијата жестокот ја критикуваше црвено зелената покраинска влада:

„Ги имаме нашите проблеми зад нас. Ние имавме проблеми, но СПД има проблеми пред себе. Тие сега прават грешка на грешка.“

тој дополни дека покраинскиот премиер Штајнбрик и неговиот кабинет капитулирале пред проблемите во земјата. Штајнбрик од своја страна ја отфрли критиката:

„Веќе со месеци говорам за тоа дека овие анкети се само најави за водостојот. И кај поповолни анкети, кога речиси и да бевме престигнати, постојано велев, трката е отворена.“

Делегатите на ЦДУ на партиската седница усвоија и така наречена „Програма за иднината“ на Северна Рајна Вестфалија, во која покрај другото се бараат пофлексибилни работни времиња. Христјано – демократите побараа и задржување на тристепениот училишен систем како и воведување на студиски такси.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми