1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Речиси секој втор Германец ревакциниран

СН/агенции
23 јули 2021

Иако темпото на вакцинација од неодамна забави, имунизацијата во Германија достигнува симболичен праг. 48,5 проценти од населението се целосно вакцинирани против коронавирусот.

Deutschland | Corona-Impfaktion der Stadt Köln
Фотографија: Thomas Banneyer/dpa/picture alliance

Според податоците на институтот Роберт Кох (РКИ), во четвртокот биле администрирани 565.235 дози на вакцинити против Ковид-19. Ова значи дека околу 40,3 милиони луѓе во Германија сега се целосно вакцинирани против вирусот. Околу 50,4 милиони (60,6 проценти) примиле барем една доза од вакцината.

Според РКИ, градот- покраина Бремен сè уште е на првото место меѓу германските покраини со 69,5 проценти од жителите кои биле вакцинирани барем еднаш. Бремен исто така го зазеде првото место и кога станува збор за целосно вакцинираните со 55,5 проценти.

Во однос на првичните вакцинации,  Саксонија остана на дното меѓу германските покраини со  стапка од 51,4 проценти, што исто така е случај и кога е во прашање стапката на целосно вакцинираните жители на оваа покраина, која изнесува 44,9 проценти.

Загрижени експерти

Бројките на дневно регистрирани случаи на Ковид-19 во Германија и натаму се релативно ниски, но во последните десетина денови се бележи забрзан раст, во прв ред поради присуството на позаразниот сој Делта. 

Повеќе:

-Вакцинацијата останува доброволна, но Меркел со апел до граѓаните: Вакцинирајте се

-„Подзаспана“ имунизација во Германија: 500 евра награда за вакцинирање?

-Делта-варијантата го загрозува постигнувањето имунитет на стадо

Експертите се позагрижени поради бавното темпо на вакцинирање. Меѓу нив и еден од најеминентните стручњаци и шеф на одделот за вирологија во  берлинската болница Шарите, Кристијан Дростен. Тој во интервју за германската новинска агенција ДПА, истакна;  „Тука не се движиме доволно брзо, иако има доволно достапни вакцини“. Според него, многу луѓе се потпреле на лажно чувство на безбедност со оглед на досега малиот број на нови инфекции во Германија. „Важно е сега да се направи многу повеќе информативна работа- исто така и во приватната сфера, за стапката на вакцинација да расте побрзо. Со тоа ќе се намали веројатноста од повторни болни интервенции  на зима“, објасни Дростен.

„Вакцината е единствено решение за излез од Ковид-кризата“

15:47

This browser does not support the video element.

На германската кампања за вакцинација и е потребен „значително подобар ПР“, смета и претседателот на Германското здружение на лекари по општа медицина, Улрих Вајгелд „Во моментот, дискурсот треба да биде насочен помалку кон казните за невакцинираните а повеќе кон слободите за целосно вакцинираните лица. Вајгелт додаде: „Ако едно по друго се појавуваат сценарија за катастрофа, и покрај зголемениот број на вакцинирани луѓе, не е ни чудо што расте неизвесноста“.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми