1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Централен регистар против десниот екстремизам

29 ноември 2011

Германскиот министер за внатрешни работи Ханс Петер Фридрих ќе достави нацрт предлог за формирање централен регистар во борбата ротив десниот екстремизам во Германија.

Rechtsterrorismus Parteien Bundestag
Министерот за внатрешни работи, Ханс Петер ФридрихФотографија: dapd

Министерот за внатрешни работи Ханс Петер Фридрих, според германските медиуми, планира воведување на централен регистар во кој би требало да бидат меморирани податоци за опасни неонацисти. Во базата на податоци, според работниот документ ќе се меморираат банкарски сметки, телефонски броеви, лични контакти и помагачи, јавува весникот „Зиддојче цајтунг“.

Пристап до оваа база на податоци би требало да имаат сите тајни служби на покраинско и сојузно ниво, службите за борба против криминалот и полицијата. Надлежните институции, пак, законски треба да бидат обврзани веќе постоечките податоци да ги стават на располагање во централниот регистар.

Весникот, повикувајќи се на владини кругови, информира дека ќе биде засилена улогата на тајните служби. Недоволната соработка меѓу поединечните тајни служби се смета за причина, зошто терористичкото трио од Цвикау толку долго не беше откриено.

Денеска во Јена е уапсен Ралф В. за кого постои сомневање дека ја поддржувал терористичката група „Национал-социјалистичко подземје“. Тој, според Државното обвинителство, се сомничи за помош при убиство во шест случаи и за обид за убиство.

Автор: АТ/ дв/ ројтерс

Редактор: Горан Чутаноски

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми