1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Цеца доби домашен притвор

12 април 2011

Јавното обвинителство во Белград денеска (12.04.) потврди дека е постигнат договор со Светлана Ражнатовиќ, според кој таа ја признава вината и на државата и` исплаќа 1,5 милиони евра. Таа доби и казна домашен притвор.

Шест месеци пауза од микрофонот - Цеца во домашен притворФотографија: AP

Во договорот со државата учествува и сестрата на Цеца, Лидија Оцокољиќ. Според портпаролот на обвинителството Томо Зориќ, обвинетите ја признале вината - Ражнатовиќ дека извршила кривично дело злоупотреба на службена положба и недозволено поседување оружје, а Оцоколиќ за злоупотреба на службена положба. Сестрите се обвинети дека од продажба на десет фудбалери на клубот „Обилиќ“ незаконски се стекнале со имотна корист од четири милиони германски марки и околу 3,5 милиони долари, во периодот од 14 август 2000 до 21 мај 2003 година.

Светлана Цеца Ражнатовиќ, според договорот со обвинителството, во домашен притвор треба да помине осум месеци, зашто од казната и‘ се одбиваат четири месеци, коишто веќе ги минала во притвор. Нејзината сестра во куќен притвор ќе биде 6 месеци.

Преблага казна

Казната е преблага, сметаат дел од експертитеФотографија: picture-alliance/dpa

Директорот на Комитетот за човекови права Милан Антонијевиќ за Дојче веле изјави дека договорот со обвинетите, од аспект на државата е преблага, но дека не е од интерес на јавноста судењето да биде маратонско. Мислам дека државата има многу подобра преговарачка позиција, и дека не треба да го прифаќа првиот предлог за договор, вели Антонијевиќ:

„Ќе биде испратена многу лоша порака доколку по извршување вакви кривични дела имате можност за договор, кој според мене, е многу благ.“

Социологот Ратко Божаљ, пак, е на мислење дека договорот е добро решение:

„Се пронајде форма да не биде превиден законот и да не биде превидена вината, а и да не се превиди комплетната личност, која за дел од публиката, има одредено значење.“

Автор: ЕМФ/АТ/бета/дв

Редактор: Трајче Тосев

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми