1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиУкраина

ЦИА проценува дека во војната досега загинале 15.000 Руси

ЕМФ / ртр
21 јули 2022

Според проценките на Соединетите Американски Држави, во војната во Украина досега загинале околу 15.000 руски војници.

USA Nominierung CIA-Direktor William J. Burns
Вилијам Барнс, директор на ЦИАФотографија: Biden Transition/Zumapress/picture alliance

„Најновите проценки на американските тајни служби зборуваат за околу 15.000 убиени (руски) војници и можеби трипати повеќе ранети. Значи, значителни загуби“, изјави директорот на ЦИА, Вилијам Барнс на безбедносниот форум Аспен во Колорадо.

Според Барнс, „и Украинците страдаа, веројатно нешто помалку. Но, знаете веќе, значителни загуби“, оцени Барнс.

Бројот на загинатите војници не се актуелизираФотографија: picture-alliance/AP Photo/D. Lovetsky

Бројот на смртни случаи кај војниците во Русија е државна тајна и во време на мир. Москва не ги актуелизира официјалните бројки во текот на војната во Украина. На 25 март годинава беше соопштено дека загинале 1351 војници.

Украинската влада во јуни соопшти дека дневно гинат меѓу 100 и 200 украински војници. Советникот на украинскиот претседател, Алексиј Арестович на средината од јуни изјави дека од почетокот на руската инвазија на Украина загинале околу 10.000 украински војници.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми