1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ципрас најави предвремени избори во Грција

ЕМФ /агенции
26 мај 2019

По дебаклот на Сириза на европските избори, грчкиот премиер Алексис Ципрас најави предвремени избори во Грција.

Griechenland Alexis Tsipras in Athen
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/Y. Karahalis

Предвремените избори во Грција, според информации на ДВ на грчки јазик, ќе се одржат најверојатно на крајот на јуни. Грчкиот премиер Алексис Ципрас вечерва во телевизиски говор изјави дека на почетокот на јуни од претседателот на државата ќе побара распишување предвремени избори.

Најавата за предвремени избори доаѓа по лошите резултати постигнати на европските избори. Сириза на Ципрас, според неофицијалните резултати, освои околу 25 проценти гласови, додека опозициската Нова Демократија има 33,5% гласови. Шефот на конзервативците, Киријакос Мицотакис, оцени дека Ципрас веќе ја нема довербата од народот. „Премиерот мора да преземе одговорност и да се повлече за доброто на земјата“, побара Мицотакис.

Повеќе: Ципрас во битка за гласот на пензионерите

Ципрас пред европските избори рече дека тие се „гласање за доверба“ и дека избирачите имаат „одгвоорност“ да ги одбранат економските и социјалните постигнувања на неговата влада.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми