1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ципрасовата војна против корупцијата

Јанис Пападимитриу/сн5 април 2016

Левичарската влада на Грција најави решителна борба против корупцијата и расветлување на корупциските афери. Политичките противници ја обвинуваат дека така го одвраќа вниманието на јавноста од вистинските проблеми.

Фотографија: picture-alliance/dpa/S. Hoppe

Тоа беше една од најжешките парламентарни дебати годинава, при што речиси никој не се придржуваше на предвиденото време за излагање: 8 часа траеше расправата помеѓу левичарскиот премиер Алексис Ципрас и опозицијата на тема борба против корупцијата. Дури наредните денови стана јасно колку многу значење Ципрас ѝ придава на таа тема. На негово барање, грчкиот парламент за првпат формираше анкетна комисија за неправилности во финансирањето на партиите. И порано доделените кредити на медумските концерни ќе бидат проверени. Освен тоа, Ципрас би сакал да се расветли и аферата „Сименс“ и паричното порамнување со минхенскиот концерн да се доведе во прашање. Конзервативната опозиција му контрира на барањето за формирање на анкетна комисија за воведување на контрола на капиталот во летото 2015. година. Ова барање досега беше одбивано.

Ципрас уште кога беше лидер на опозицијата ветуваше дека ќе преземе чекори против „триаголникот на моќ“, како што го нарекуваше: против државата, која врши пристисок врз банките да даваат кредити на медиумските концерни, а тие за возврат се оддолжуваат со пристрасно известување. За да се пресече тој јазол, партијата Сириза своевремено предложи реформа на медиумите во Грција, која би подразбирала и ново доделување дозволи за работа на телевизиите. Овие предизборни ветувања со години беа потиснувани во втор план, но сега Ципрас смета дека е време за борба против корупцијата во Грција. Политикологот Левтерис Кусулис смета оти во заднината се кријат политички калкулации. „На владата во наредните недели ѝ претстојат тешки гласања во парламентот за дополнителни и болни мерки на штедење. Големата дебата за корупцијата би требало да го одвлече вниманието на јавноста од таа тема“, вели аналитичарот за ДВ. Со повикот за борба против корупцијата, владата на Ципрас сега сака да добие на време и да ја придобие јавноста, смета Кусулис.

Фотографија: Getty Images/AFP/L. Gouliamaki

Ново стегање на ременот

Сега претставниците на кредиторите во Атина повторно проверуваат какво е спроведувањето на реформските промени. Пред луксузниот хотел ги дочекаа демонстранти од левичарскта опозициска партија „Народно единство“, која не е во парламетот. Грција ќе добие нови кредити дури ако проверката на реформите покаже дека таа тоа го заслужува. Во меѓувреме стана јасно оти ќе биде потребно спроведување на нови мерки за штедење. Само неколку часа пред почетокот на жестоката парламентарна дебата, заменикот министер за финансии Јоргос Хулијаракис во еден парламентарен одбор потврди дека Грците ги чека ново зголемување на данокот и штедење, сето во вкупна висина од 5,4 милијарди евра - тоа за конзервативната опозиција е доказ оти борбата против корупцијата е само политички маневар. „Ципрас сака да дискутира за корупцијата за да не би зборувале за невработеноста, превисоките даноци и сиромаштијата, но ни за прашањето за бегалците, трагичната состојба на здравствениот систем или демонтажата на образованието“, грмеше шефот на опозицијата Киријакос Мицотакис од парламентарната говорница. И левичарскиот аналитичар Михалис Цинцинис е разочаран: „Премиерот нема да направи нова партитура. Тој ниту ја има. И натаму ќе бара можност да го одвлече вниманието на нешто друго“, се пожали Цинцијанис на високотиражниот атински весник „Та неа“.

Политикологот Кусулис смета оти имиџот на премиерот како човек со чисти раце има една стратешка предност. Во минатото, вели, Ципрас секогаш ги водеше предизборните кампањи по принципот „Ние сме добри, а нашите противници се лоши и корумпирани“ и така на крајот и победуваа на изборите, а сега левичарскиот политичар сака да го одржи притисокот и така да го компензира недостатокот на конкретни политички содржини, вели аналитичарот, кој на крајот додава: „Ако Ципрас заземе позиција на чисто момче, тогаш неговата вистина станува нешто во што нема сомневање, тогаш тој не мора веќе да изнесува аргументи и докази“, вели Кусулис.

Фотографија: Reuters/C. Hartmann

На крајот, Ципрас е сепак во право

Но, не се само загрижените левичари тие кои веруваат дека критиката на Ципрас за корупцијата има вистинска основа. Еве гпример на финансирање на партиите: Уште есента 2013. година, либералниот член на Европскиот парламент, Теодорос Скијалакис, во Европската комисија вложи протест поради доделување на нови банкарски кредити на конзервативците и социјалистите кои тогаш беа на власт. Според Скијалакис, од кризата разнишаните банки дури и во 2012., годината на рецесија, кога славината за инвестирање во фирмите веќе долго беше затворена, им давале на народните партии кредити вредни 30 милиони евра, што е далеку од економскиот разум. Ова обвинување не е демантирано, но до денес не докажано ништо конкретно.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми