Цохазопулос осуден за корупција
7 октомври 2013Акис Цохазопулос и 16 негови роднини и поранешни соработници, според судот, примиле мито во висина од 55 милиони евра за купување подморници од Германија и руски ракети за одбрана. Висината на казната треба да биде соопштена во текот нанаредните денови.
Освен Цохазопулос, осудени се и неговата сопруга, екссопругата од Германија, како и ќерката и неколкумина соработници. Ним им се закануваат казни затвор до 20 години. Цохазопулос во март годинава веќе беше осуден на осум години затвор и 520.000 евра парична казна поради затајување данок. Ексминистерот ги отфрла обвинувањата.
Германски концерни под сомневање
Германските концерни за вооружување Рајнметал-Дифенс и Атлас Електроник се под сомневање дека дале поткуп од милиони евра за да стигнат до вносни зделки во Грција. Пред неколку недели германското обвинителство спроведе рации во концерните. Зделката со подморници на германските концерни им донесла повеќе од една милијарда евра.
Грција е еден од најголемите купувачи на германско оружје. Околу десет проценти од извозот оди во Атина. Тамошната влада, мерено според брутодомашниот производ, за армијата и вооружување одвојува двојно повеќе отколку Германија. И покрај сите мерки на штедење, буџетот за одбрана на Грција остана прилично поштеден од кратење.