1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Црвен тепих за Ердоган

Сејран Атеш
29 септември 2018

Приемот на Ердоган со сите почести е морален банкрот на Германија. Диктаторите не се примаат на банкет, тие заслужуваат само чаша вода ако умираат од жед, пишува во авторскиот текст правничката Сејрен Атеш.

Deutschland Recep Tayyip Erdogan, Präsident Türkei & Angela Merkel, Bundeskanzlerin
Фотографија: Reuters/Murat Cetinmuhurdar/Presidential Press Office

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган долго е на мета на критиките, обвинет за кршење на човековите права, апсење опозиционери и критичари (било од својата земја или странски бранители на човекови права и новинари-, воено интервенирирање во Сирија и во југоисточна Турција, туркање во криза на турската економија и предводење на партија која заговара политички ислам и прима пари од странски исламистичко-екстремистички кругови.

И токму тој човек стигна во Германија и е главна личност на отворањето на новата централна џамија на организацијата ДИТИБ во Келн.

За чудо, за таков политичар германскиот претседател организираше и државен банкет. На еден брутален диктатор му се укажуваат почести со лицемерно образложение од потреба за подобрување на односите со Турција, за наоѓање пат за зближување на двете земји. А мнозинството медиуми целосно некритички ја презема оваа логика.

Зар многуте германски политичари баш ништо не научија? Со диктатори не се јаде заедно на свечена трпеза, ниту со нив се пие чај. Тие во најдобар случај заслужуваат чаша вода ако умираат од жед. Не повеќе од тоа.

ДИТИБ е дел од турската верска власт Дијанет, директно зависна од турската влада. Колку пати треба ова да се повтори? Никако не станува збор за непроблематична исламска организација од Германија! Токму сега, во екот на атуелни воени судири, во одредени џамии на ДИТИБ се држат политички борбени говори во кои муслиманите се заколнуваат на турски национализам и војна.

И неприфаќањето на рамноправност на половите, антисемитизам, пропагирање политички ислам и многу други теми се во директна врска со ДИТИБ/Дијанет. Идеолошка храна за сето тоа дава Дијанет. Децата во 2016. година в раце добија ужасен стрип од ДИТИБ/Дијанет во кој се слави маченичката смрт. Повеќе од очигледно е дека ДИТИБ/Дијанет во Германија агитира во корист на турската влада.

Сејран АтешФотографија: picture alliance/NurPhoto/E. Contini

Треба да се поздрави тоа што Сојузната служба за заштита на уставниот поредок врши проверка дали ДИТИБ треба да се најде под надзор, тоа требаше да се случи одамна.

Сфаќањето на исламот од страна на Ердоган и на ДИТИБ, во комбинација со турскиот национализам, е неспоиво со вредностите на ЕУ и германскиот устав и нема што да бара ниту во Германија, ниту во Европа. Агитацијата на ДИТИБ/Дијанет ги раздели Турците во Германија на противници и приврзеници на Ердоган, што веднаш се третира како поделба на „добри услимани“ (избирачите на Ердоган) и „лоши муслимани“ (противниците на Ердоган).

Тоа што еден авторитарен и исламистички властодржец, каков што е Ердоган, ја отвора новата централна џамија во Германија, сведочи за бедата на Германија. Тоа е славје со кое на политичкиот ислам и турскиот национализам му се отвора пат во општеството. Се слави место на кое верската слобода се сфаќа единствено како слобода на сопствено сфаќање на верата и национализмот.

Повеќе: 

Ердоган во сосема нормална посета на Германија?

Ердоган во Германија - добредојден или не?

Целата манифестација добива легитимација со присуството на турскиот претседател и неговата свита, сочинета воглавно од опседнати од власта исламисти, но и со присуство на германски политичари кои го поддржуваат тој спектакл и политички ги исклучуваат оние кои тоа го критикуваат.

Какви последици има тоа за интегративната политика во Германија? Во многу џамии на ДИТИБ/Дијанет се проповеда ислам директно спротивен на германскиот устав и Општата декларација за човекови права. Тоа е неприфатливо за германската политика на интеграција, контрапродуктивно и создава повцеќе нови проблеми отколку што носи решенија за старите. 

Зар референдумот за турскиот устав ланската година не беше доволно алармантен, кога се виде колку Турци во Германија и други земји од ЕУ го дадоа својот глас на еден автократ? Мора ли тој исламистички властродржец сега и во Германија да добие бина за свое политичко инсценирање?

Ги поздравувам сите храбри луѓе кои не се одѕваа на поканата за вечера со Ердоган. Да добиев, како носител на Орден од прва класа за заслуги за Германија, која одвреме навреме добива покани за такви банкети, исто така би ја одбила. И би отишла на демонстрациите против Ердоган. Злосторниците не заслужуваат насмевки.

Сејран Атеш, која има турско-курдско потекло, е правничка, писателка и бранителка на човековите права. Таа е иницијаторка и соосновачка на џамијата „Ибн Руш - Гете“ во Берлин, која се бори за секуларен и либерален ислам.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми