1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Човекови права

Црна Гора ги озакони истополовите бракови

БГ/ ДПА
1 јули 2020

Црногорскиот парламент вечерва го изгласа законот со кој се дозволуваат истополови бракови. Претседателот Мило Ѓукановиќ оцени дека тоа е „чекор кон семејствата на најразвиените демократии“.

Rumänien LGBT-Bewegung
Фотографија: AFP/D. Mihailescu

Парламентот во Подгорица со 42 гласа „за“ и 5 „против“ го донесе законот, на кој остро се спротивставуваше Српската православна црква, најголемата верска заедница во земјата.

„Со усвојувањето на законот на истополови партнерства, Црна Гора за првпат ги регулира законските права на истополовите парови“, твитна црногорскиот претседател Ѓукановиќ.

Првата Парада на гордоста во земјата пред седум години предизвика насилства, но оттогаш настанот минува мирно.

ЛГБТИ заедницата во Црна Гора го поздрави донесувањето на законот, оценувајќи го како „голема победа“ и „чекор кон нашата слобода и слобода на сите луѓе во Црна Гора“.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми